10 работи кои луѓето можат да ви ги кажат додека се обидувате да забремените
Дали им кажавте на пријателите и семејството дека се обидувате да имате бебе? Ако е така, може да откриете дека некои од вашите најблиски ќе “полудат“ од среќа и ќе почнат да планираат многу работи за вас – без разлика дали станува збор за вашата мајка која ќе тргне во шопинг за бебешка облека или за најдобрата пријателка која ќе ви праќа списоци со популарни детски имиња.
Но ако за 1-2 месеци нема резултат, тие можат да почнат да ви нудат совети, иако не сте го побарале тоа од нив. Се разбира, дека ви мислат добро и загрижени се, но тоа воопшто не ви ги олеснува работите, дури може да направи да се чувствувате вознемирено. Најдобар начин да се справите со овие забелешки е да ги замолчите културно: “Кога ќе имам нешто да објавам, ќе ви кажам. Во меѓувреме, да разговараме за нешто друго”.
Но, за да знаете дека не сте сами, еве ги најчестите забелешки кои ги слушаат идните мајки од нивните блиски:
1. „Ќе се случи побрзо ако се опуштите и престанете да се грижите“
2. „Знаете ли дека е потребно секс да се направи бебе, нели?“
3. “Ако сакате деца, земете ги моите! Тогаш тие можат да ве доведат до лудило”.
4. „Ќе ти го позајмувам сопругот – тој само ме погледна и јас забременив“.
5. “Зар не си бремена уште?”
6. “Мора да правишн нешто погрешно”.
7. „Се обидувате премногу напорно“.
8. “Можеби не требало да биде.”
9. „Секогаш можеш да посвоиш“.ж
10. “Дали ти кажав дека сум бремена?”