Преспивањето ја подобрува меморијата на вашите деца
Според една научна студија дневото преспивање има вистински долгорочни придобивки за децата. Ако вашето дете го пропушта попладневното преспивање, тоа значи дека до крајот на денот ќа имате преморено и нервозно дете. Понекогаш, и покрај вашите најдобри напори, заспивањето на детето е бесполезно – и тоа е сосема во ред. Но, добриот сон и меморијата се поврзани. Поточно, редовното преспивање, во комбинација со добарот ноќен сон, се важни не само за родителите, туку истражувањата покажуваат дека тие заедно ја подобруваат меморијата во раното детство и емоционалната благосостојба.
За да испитаат како спиењето и меморијата се поврзани, на 49 деца на возраст од три до пет години,невронаучниците им покажале познати и непознати лица во комбинација со емотивни „злобни“ или „убави“ изјави. Немало разлика во точноста на меморијата меѓу децата кои преспале и оние кои останале будни во текот на денот. Меѓутоа, кога меморијата на децата била повторно тестирана следниот ден, прецизноста на меморијата била поголема кај децата кои преспале претходниот ден, што укажува на силна корелација помеѓу спиењето и меморијата. Авторите на студијата велат дека нивните наоди за спиењето и меморијата ја зајакнуваат важноста од воспоставување редовни рутини за спиење и одржување на дневни преспивања во просек од 70 минути во текот на предучилишната возраст.