Овчарска пита
Состојки:
– 200 г мелено месо, 4 средни компири, 1 кромид, 2 моркова, 2 лажици путер, 2 лажички доматно пире, млеко, 2 филџани вода, маслиново масло, сол и црн пипер
Приготвување:
Компирите излупете ги, исчете ги на коцки и варете ги во посолена вода да омекнат. Истурете ја водата, додајте малку млеко и испасирајте ги во пире. Потоа додајте една лажица путер и измешајте да се стопи. По потреба зачинете со сол и црн пипер. Во малку маслиново масло испржете го сечканиот кромид. Кога ќе е пржен дојдате ги морковите исечкани на тенки стапчиња. Кога ќе се доволно пржени, додајте го меленото месо, зачинете со сол и црн пипер, промешајте да се распоредат зачините. Додајте ја водата и оставете да се динста месото додека испари водата. Во подмачкан огноотпорен сад ставете го прво месото, целото одеднаш, па над него додајте го пирето и со лажица израмнете. Одозгора полејте со стопен путер и печете во рерна загреана на 200 степени, 30 минути.