Неколку работи влијаат на вашата желба да забремените што побрзо
Ако размислувате да имате бебе, веројатно сте се запрашале колку време ќе биде потребно за да забремените, кога да имате секс и колку често.
Првото и најчесто прашање кое ги мачи идните родители е колкави се шансите да забремени жената во одреден месец. За повеќето парови кои се обидуваат да забременат, шансите дека жената ќе забремени се од 15% до 25% во секој одреден месец.
Но, постојат некои работи кои можат да влијаат на тоа:
*Возраст – откако ќе наполните 30 години, вашите шанси да забремените се намалуваат како што стареете, нагло опаѓајќи во вашите 40-ти години.
*Неправилни менструални циклуси – реално го отежнуваат пресметувањето на овулација, а тоа оневозможува да го одредите идеалното време за секс.
*Колку време се обидувате да забремените – ако не сте забремениле по една година од првиот обид, како минува времето шансите Ви се намалуваат. Разговарајте со вашиот лекар за тестови за женска и машка неплодност.
*Болести или медицински состојби може да влијаат на бременоста.
Циклусот на жената започнува првиот ден кога ќе забележат светло-црвена крв, не само дамки, и завршува на денот пред да започне следниот циклус. Еден циклус може да трае од 21 до 35 дена, или повеќе.
Ако циклусот варира во должина за неколку дена од еден до друг месец, тоа се смета за неправилно, но не е невообичаено. Многу жени немаат редовни циклуси. Тоа не мора да значи дека нешто не е во ред.
Еве уште едно вообичаено прашање од паровите кои се обидуваат да забременат: Колку често треба да имаме секс? Накратко, одговорот е често.
Вашите најдобри шанси се 1-2 дена пред овулацијата. Лекарите препорачуваат сексуален однос секој втор ден, почнувајќи од неделата пред овулацијата или по завршувањето на менструацијата. Имајте секс најмалку два до три пати неделно. Сè додека мажот има нормален број на сперматозоиди, сексот секој втор ден (или секој ден) дополнително ги зголемува вашите шанси за забременување.
Уште една работа која ги мачи идните родители е колку време е потребно за да се смират ефектите од лековите за контрацепција? Всушност, можно е да забремените веднаш по откажувањето од пилулите, иако може да поминат и неколку месеци пред овулацијата повторно да се нормализира.
И не грижете се дека не е безбедно да забремените веднаш по оставањето на контрацептивните пилули. Жените кои забременуваат веднаш по ова имаат еднаква веројатност да имаат здраво бебе, како и жените кои чекале неколку месеци по оставањето на контрацепцијата.