Негувајте ги вашата коса и кожа во текот на зимските денови
Ладното време, ветерот, температурните разлики топло – ладно, слабата циркулација, негативно влијаат на вашата кожа. Особено внимание и интензивна нега посвете на рацете и лицето, бидејќи повеќе се изложени на ладно. Вашите тоници за чистење на лице заменете ги со млеко за чистење и збогатено со витамини и билни масла. Пилинг на лицето правете еднаш до двапати неделно, но потоа задолжително користете потхранувачка маска и измијте се со млака вода. Доколку секојдневно користите пудра – задолжително прво ставете хидратантна крема. За усните најдобро решение е квалитетен кармин, збогатен со витамини, а доколку не се шминкате користете лабело. За нега на кожата на телото користете масла на база на билки или хидратантно млеко, задолжително по секое капење. Предолгото капење и многу топлата вода предизвикуваат намалување на влажноста на површинскиот заштитенм слој на кожата, поради што таа станува посува и почувствителна на оштетувања и иритации.
Да не ги заборавиме и стaпалата во ладните денови, бидејќи ногата ви е затворена во чизми, не дише и секако има недостаток од витамини, поради што се создава тврда кожа, која знае понекогаш да предизвика и болка. Потопете ги стапалата во млака вода, ставете ароматизирано масло или пенлива купка кожата да омекне, потоа отстранете ја тврдата кожа со турпија и кирета (но киретата доколку не сте доволно обучени не ја користете, подобро е да се обратите кај стручно лице). Нанесете пилинг маска и на крај со хидратантна крема измасирајте ги стопалата.
Сушењето на косата поради ветерот можете да го спречите само со неколку силиконски капки. Најдобар е ефектот ако ги нанесете на мокра, а потоа на сува коса. Препорачливо е редовно потсрижување на косата и барем еднаш месечно да се направи масна бања (третман кој се работи во фризерските салони). Користете потхранувачки шампон збогатен со провитамин Б5 и екстракт од ориз како и маска за коса.
Чоколадна Терапија
Чоколадната терапија е вистинско задоволство за кожата и душата со релаксирачко и подмладувачко дејство. Го отстранува стресот, допринесува за постигнување на душевна рамнотежа и дава позитивна енергија. Кожата ја потхранува,ги стимулира регенативните процеси, спречува појава на брчки, го подобрува тонусот на кожата.
Сите горенаведени својства допринесуваат состојките кои се во какаото, полифенолни соединенија кои имаат својство да го успорат стареењето на кожата.
Лосионот од чоколадо и боровинка – допринесува за подобрување на циркулацијата во капиларите, ја зголемува хидратацијата на кожата, дејствува анти-инфламаторно, ја стимулира регенерацијата на кожата, ги отстранува брчките.
Чоколадна крема за масажа – го зголемува тонусот и циркулацијата и ја стимулира регенерацијата на клетките на кожата, дејствува антиоксидантно, ги отсранува брчките, врши дезинфекција на кожата.
Чоколадна маска и крема за хранење на кожата за сува и дехидрирана кожа- го храни епителот со витамини и полфеноли, го забавува процесот за стареење, има релаксирачко дејство, а колагенот допринесува за длабинско хидрирање на кожата.
Чоколадна апмпула – делува превентивно со тонизирачки ефект, ја подобрува циркулацијата, ја стимулира регенерацијата и делува превентивно на појавата на брчки.
Чоколадна антистрес маска за мрсна до нормална кожа – каолинот го апсорбира зголемениот себум од лојните жлезди на кожата и со тоа го подобрува навлегувањето на активните состојки на какаото и витамините во длабочините на кожата. Го подобрува тенот и допринесува за мазен изглед на кожата.
Чоколаден пилинг гел- се користи за отстранување на изумрените епителни клетки на кожата и за стимулирање на регенеративните процеси. Нежен ексфолијант кој ги стимулира механизмите за побрза регенерација и обновување на епителот. Новите клетки побрзо лесно ги заменуваат оштетените воспалени клетки ја подмладуваат кожата и даваат свеж изглед.
Имајте свој чоколаден ден вие и вашиот партнер и уживајте во благодетите кој ви ги нуди чоколадната терапија.