Дали е можно да се забремени во тек на менструација?
Можеби сте слушнале дека е невозможно да се забремени за време на менструација, но тоа не е сосема точно. Веројатноста да забремените доколку имате односи во текот на циклусот е многу мала, но сепак постои. Жената е најплодна за време на овулацијата. Иако јајце клетката живее само 12-24 часа, вие може да забремените и ако имате односи неколку дена порано. Дали ќе забремените во текот на менструацијата зависи од неколку фактори:а
- (не)користење на контрацепција
- Должината на менструалниот циклус
- Должината на менструацијата
- Периодот кога сте имале однос
Менструалниот циклус најчесто трае околу 28-30 дена, а жената е плодна помеѓу 11 и 21 ден, но тоа може да се разликува кај секоја жена. Ако менструацијата трае 5-7 дена, а имате однос пред крајот, може да забремените на 11от ден, бидејќи сперматозоидите живеат и до 5 дена во женското тело.
Забременување неколку дена после менструација е можно, но малку веројатно. Ова може да се случи ако имате пократки менструални циклуси и овулирате порано. Можноста за забременување 2-3 дена пред менструација е многу мала, но секогаш постои и тој ризик.
Доколку сакате да забремените не е лошо да поразговарате со вашиот гинеколог. Тој ќе ве посоветува ако треба да смените некои животни навики, или да почнете да земате фолна киселина и пренатални витамини. Потребно е да избегнувате алкохол, цигари и да одржувате здрава телесна тежина.