Бред Пит на крајот од годинава доаѓа во Белград
Бред Пит во последно време сериозно е посветен на продукцијата, а се шпекулира дека наскоро би можело да започне снимањето на серијата посветена на младите, токму во нашето соседство, пренесува порталот Стил.
Еден од најуспешните актери во Холивуд, но и еден од најголемите заводници, сака дополнително да ја збогати својата кариера, па се повеќе е заинтересиран за продуцирање проекти.
Според анонимни извори, Бред треба да му се приклучи на тимот од филмот „Јужен ветер“, снимен по истоимената серија, во кои главната улога ја игра Милош Биковиќ.
Режисерот Милош Аврамовиќ веќе најави бројни изненадувања во актерската екипа.
Покрај стариот тим предводен од Милош Биковиќ, се приклучува и член на познатото холивудско семејство на Вилијам Болдвин, како и познатиот „лош човек“ Мајкл Медсен. Новите епизоди најмногу ќе се снимаат во Србија, како и на локации во Босна, Хрватска, Италија и Русија. Аврамовиќ најави учество и на Џони Деп, но во третиот дел од филмската приказна. Сепак, не е исклучено меѓу нив да се најде и најпознатиот холивудски заводник!
View this post on Instagram