• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

Линдзи Лохан е бремена

Меган Маркл е вистинска модна икона

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

Едноставен трик за сјаен мијалник во кујната

Начинот на кој се бакнувате посебно ве поврзува

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Љубовта има 5 фази, но, многумина застануваат на третата

by РиД 02/03/2022 0 Comment
 Љубовта има 5 фази, но, многумина застануваат на третата
фоот:Pixabay

„Изгледа дека тој не е мажот на мојот живот – често го слушате како изговор по неочекуваното раскинување на врската на вашите пријатели или познаници. Или, вие самите ја кажувате таа фраза. Иако на многумина им се чини дека нечија врска е идеална, таа завршува , а луѓето сè повеќе се убедени  дека вистинската љубов полека но сигурно исчезнува.

Но, стручните лица велат дека постои објаснување за овој  феномен. Познатиот психолог Џед Дајмонд по 40 години клинички истражувања дошол до заклучок дека повеќето луѓе, всушност, не ја наоѓаат вистинската личност за себе, од едноставна причина дека не можат да ги издржат 5-те неизбежни фази во врската, застанувајќи на третата.

  1. Заљубеност

Заљубувањето е фаза предизвикана од хормоните на среќата; тоа е време на проекција на сите ваши желби и соништа за вашиот партнер. А партнерот во овој случај е едноставно совршена личност, без никакви мани. Мислите дека секогаш ќе ви ја исполни секоја желба, верувате во секој збор што ќе го каже и сонувате за вечна љубов, притоа отфрлајќи ги сомнежите и советите на скептиците.

  1. Формален почеток на врската

Во оваа фаза љубовта станува посилна, а состаноците се заменуваат со формален заеднички живот. Повеќе се запознавате, почнувате да влијаете на сите аспекти од животот на партнерот. Тоа е време на заедништво и радост. Во оваа фаза веројатно правите и долгорони планови за заеднички живот, семејство…Се чувствувате безбедно и посакувано. И убедени сте дека сигурно сте го нашле „својот“ маж, својата судбина и никогаш нема да се сомневате во тоа.

  1. Разочарување

Токму во оваа фаза сите соништа се рушат. Ова е фазата кога се појавува чувството дека емоциите полека и неповратно се гасат, дека не се разбирате си партнерот и неговото однесување почнува да ве иритира. Почнува да ви се јавува желба за прекин на врската, па дури и помисла дека тоа воопшто не бил „ваш“ маж. Тоа е она што се случува, нели? Зошто да се измачувате себеси и мажот со кој некогаш сè беше прекрасно. Некогаш…

  1. Завршување на кризата и премин на љубовта на повисоко ниво

Ако замижите, а срцето ви чука со исто темпо, сигурно ја поминувате третата фаза која го носи следново: се бришат илузиите кои сте ги проектирале на вашата сакана личност. Тој стои пред вас, вистинкиот маж, а не некоја ваша посакувана илузија. Го прифаќате таков каков што е, со сите негови недостатоци. Вие сте си поддршка еден на друг и полека влегувате во т.,н фаза на возвишена љубов.

  1. Сознавање на вашата заедничка сила

Со разбирање на она што сте го научиле, сте ги надминале разликите и сте нашле длабока, силна врска во вашите односи. Потоа доаѓа сознанието дека вие двајцата имате сила да промените нешто на овој свет. Не само да живеете заедно, туку да живеете заедно за заедничка цел. Работете заедно, пишувајте, создавајте – што и да е. И кога ќе почнете да работите и да размислувате како една целина, надминувајќи ги сите фази, ќе можете со 100% сигурност да кажете: „Ова е човекот на мојот живот!“

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 293

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: врска двојка љубов
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

18:37 15 Mar 2023

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

18:08 15 Mar 2023

Линдзи Лохан е бремена

17:54 15 Mar 2023

Меган Маркл е вистинска модна икона

17:20 15 Mar 2023

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

16:46 15 Mar 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved