• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Пред да ги допрете бебињата, задолжително измијте ги рацете

Овчарска пита

Дали Констракта ќе ги врати познатите боросани во модните трендови?

Андреа не влезе во финалето на Евросонг 2022

ХОРОР на небото: Петок 13 и ретрограден Меркур денес се

Како да го пресметате датумот на породување

Пцовките и лошите зборови „сечете ги“ во корен

Недела на женското здравје – сексуалното и репродуктивното здравје во

Овие состојки во храната задолжително избегнувајте ги

Ослободете се од токсичните мисли, тие само ви го уништуваат

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Што се мери со АПГАР тестот и зошто е важен

by РиД 25/03/2022 0 Comment
 Што се мери со АПГАР тестот и зошто е важен
фото:pixabay

Во првата и петтата минута по раѓањето на бебето,  мора да се измери Апгар индекс, а резултатите покажуваат дали сè е во ред со бебето или е потребна дополнителна интервенција.

Породувањето е одлично искуство и за мајката и за бебето. Конкретно за бебето ова е голема промена, бидејќи мора да помине низ одредени процеси за да може нормално да се развива во надворешниот свет. За време на породувањето тоа го напушта безбедното и топло опкружување во кое било заштитено и мора да се прилагоди на новата средина. За прв пат наидува на светлина и различна температура и звуци и почнува само да дише.

Веднаш по раѓањето, секое бебе се проценува со АПГАР тест. Но, што навистина се одредува со него?

Апгар индексот ги „мери“ петте основни знаци на живот: отчукувањата на срцето, дишењето, мускулниот тонус, рефлексите и бојата на кожата. Проценката се прави во првата и петтата минута по раѓањето:

– Резултатите од 8 до 10 значат дека бебето е генерално во добра состојба.

– Резултатите од 4 до 7 значат дека состојбата е задоволителна, со напомена дека со резултатите 4 потребно е повторно да се исчистат носот и устата на бебето и да се даде кислород.

– Резултатите во опсег од 0 до 3 значат дека бебето е во лоша состојба и потребни се итни мерки.

Врз основа на Апгар индексот брзо и лесно се проценува состојбата на бебето веднаш по раѓањето, што е важно за понатамошно лекување на бебето.

Нормалниот моторен развој е процес со кој бебето учи да го контролира своето држење. Важно е да се нагласи дека кај децата промените се видливи од ден на ден како на моторичко, така и на психолошко и емоционално ниво. Од раѓање, бебето комуницира со околината преку движење. На тој начин го освојува просторот околу себе и ги изразува своите потреби. Со цел движењата и држењето на бебето да се развијат правилно, од суштинско значење се нормалната мускулна тензија и добриот нервен систем. Важно е да се нагласи дека постојат разлики во развојот на моторичките вештини кај децата, како кај здравите, така и кај оние со попреченост. Бебињата првично користат само рефлексни активности како што се цицање и фаќање. Со текот на времето, овие и слични рефлексни активности се претвораат во намерни активности. Ако детето нормално се развива, не е неопходно да го научите на дејствија како што се фаќање, седење, стоење или станување, бидејќи со текот на времето детето самостојно го учи и го совладува тоа. Бидејќи постојат разлики меѓу децата во совладувањето на овие моторни активности, проценката треба да се остави на експертите.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 162

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: апгар тест новороденче породување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Пред да ги допрете бебињата, задолжително измијте ги рацете

18:06 18 May 2022

Овчарска пита

11:39 13 May 2022

Дали Констракта ќе ги врати познатите боросани во модните трендови?

11:26 13 May 2022

Андреа не влезе во финалето на Евросонг 2022

11:11 13 May 2022

ХОРОР на небото: Петок 13 и ретрограден Меркур денес се поклопуваат

11:02 13 May 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2022. All Right Reserved