• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

Линдзи Лохан е бремена

Меган Маркл е вистинска модна икона

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

Едноставен трик за сјаен мијалник во кујната

Начинот на кој се бакнувате посебно ве поврзува

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Уреаплазмата сериозно влијае на плодноста

by РиД 05/04/2022 0 Comment
 Уреаплазмата сериозно влијае на плодноста
фото:pixabay

Уреаплазмата е вид на бактерија од семејството на микоплазма. Зголемената концентрација на уреаплазма во телото може да предизвика воспаление на простатата кај мажите и генитални инфекции кај жените, а кај двата пола може да предизвика стерилитет.

Околу 70% од сексуално активните возрасни лица се домаќини на уреаплазма, но проблемот може да се појави доколку постои значителна репродукција на овој микроорганизам.

Како се пренесува уреаплазмата?

Уреаплазмата најчесто се пренесува преку сексуален однос. Инфекциите се почести кај сексуално активните луѓе кои не користат заштита. Партнерите може несвесно да ја пренесат инфекцијата, бидејќи симптомите тешко се забележуваат.

Овие бактерии можат да преживеат на други влажни места, како што се влажни крпи, но и во базени, сауни, козметички салони и други предмети наменети за интимна употреба – така што уреаплазмата може да се пренесе само преку контакт.

Кои се симптомите на уреаплазма?

Симптомите на уреаплазма тешко се забележуваат бидејќи нивниот изглед зависи само од силата на имунолошкиот систем. Ако имунолошкиот систем е слаб, зголеменото ниво на уреаплазма во телото ќе предизвика инфекции кои обично поминуваат без симптоми – што на крајот доведува до стерилитет.

Најчести симптоми на уреаплазма кај жените:

  • болка во карлицата
  • чешање и пецкање
  • зголемен вагинален исцедок

Најчести симптоми на уреаплазма кај мажите:

  • секрет од уретрата
  • пецкање при мокрење
  • болка
  • црвенило на гениталиите

Бидејќи одреден процент на уреаплазма природно се наоѓа во телото, не постои рутински тест што може да открие дека нешто не е во ред. Тест обично се прави со земање брис, слично на ПАПА тестот.

Како се третира уреаплазмата?

По тестот и брисот, а со резултатите од зголемена уреаплазма во телото, потребно е да се започне со третман. За разлика од другите бактерии, уреаплазмата нема клеточен ѕид, што го отежнува лекувањето – може да преживее без „домаќин“, да живее во други живи клетки и често има различни форми.

Третманот со конвенционална антибиотска терапија нема да има ефект, бидејќи повеќето од овие лекови делуваат така што прво го уништуваат клеточниот ѕид на бактеријата. Затоа е неопходно да се користат неколку различни антибиотици, особено оние кои специфично влијаат на овој вид бактерии – според советите на лекарот.

Дали има негативни последици за бременоста?

Ако не се лекува, уреаплазмата може да доведе до спонтан абортус, предвремено породување, предвремена ејакулација или плацентарна инфекција (хориоамнионитис). Исто така, поради зголемената концентрација на уреаплазма, бебето може да има мала родилна тежина (хипотрофија), но и бактериемија – присуство на бактерии во крвта. Затоа, би било добро да се провери концентрацијата на уреаплазмата во телото пред зачнувањето – бидејќи уреаплазмата се пренесува на дури 40 проценти од бебињата во случаи кога мајката е заразена.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 489

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: забременување инфекција уреаплазма
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

18:37 15 Mar 2023

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

18:08 15 Mar 2023

Линдзи Лохан е бремена

17:54 15 Mar 2023

Меган Маркл е вистинска модна икона

17:20 15 Mar 2023

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

16:46 15 Mar 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved