Трудниците произвдуваат супер антитела за заштита на новороденчињата

Научниците пред неколку години открија дека новороденчињата зависат од имунолошки компоненти пренесени од нивните мајки за да го преживеат нападот на патогени, кои почнуваат да ги напаѓаат нивните тела веднаш штом ќе се родат. Подоцна тие развиваат свој имунолошки систем, изграден преку природна изложеност на вируси и бактерии, а зголемени се со детските вакцини. Сепак, еден од најважните подароци на мајката, што ги чува нивните бебиња безбедни, се антителата.
Истражувачите сега се надеваат дека ќе најдат начин како да произведат лекови кои ќе ги имитираат зголемените антитела што ги произведуваат идните мајки, со цел да помогнат во лекување разни болести, како и подобрени вакцини за спречување на нивна појава.
Како мајките создаваат супер антитела?
Со истражувањата било откриено кој специфичен шеќер се менува за време на бременоста, а воедно и кога се случува промената која доведува до активирање на имуноглобулинот G (IgG) – најчестиот тип на антитела на телото и му овозможуваат да преземе проширена заштитна улога преку стимулирање на имунитетот.
Молекуларната промена на антителата што природно се јавува за време на бременоста може да се реплицира за да се промени начинот на кој антителата го стимулираат имунолошкиот систем да ги прилагоди нивните ефекти. Ова потенцијално може да доведе до подобрени третмани за инфекции предизвикани од други интрацелуларни патогени, вклучително и ХИВ и респираторниот синцицијален вирус (RSV), вообичаен вирус кој претставува сериозен ризик за доенчињата.
Дополнително, наодите ја нагласуваат важноста од примање на сите достапни вакцини за жени на репродуктивна возраст -како и потребата истражувачите да развијат уште повеќе вакцини против инфекции кои се особено истакнати кај жените за време на бременоста или кај новородените бебиња.
Имунитетот треба да постои кај мајката за да се пренесе на нејзиното дете. Без природна изложеност или имунитет подготвен со вакцинација, имунитетот на детето ќе биде на многу ниско ниво.