• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Татковци на 60 години- наместо да гледаат внуци, се грижат за бебиња

by РиД 26/04/2023 0 Comment
 Татковци на 60 години- наместо да гледаат внуци, се грижат за бебиња
фото:Инстаграм

Велат дека љубовта не познава години и многумина се сложуваат со оваа поговорка. Но, исто така мислењата се поделени во врска со годините кога двојките стануваат родители.

Иако жените биолошки не можат да станат мајки на подоцнежни години, мажите го немаат тој проблем. Затоа во светот на славните гледаме примери на мажи кои стануваат татковци на старост.

Актерот од „Паркот Јура“, Џеф Голдблум, прв пат стана татко во јануари 2015 година откако неговата трета сопруга Емили Ливингстон, пензионирана олимписка ритмичка гимнастичарка (која е 30 години помлада од него), го роди синот кого го крстија Чарли Оушн. Тогаш Џеф имаше 62 години.

Ѕвездата на дизниевиот филм „Светот според Џеф Голдблум“ , повторно ги доживеа убавините на родителството во 2017 година, кога му се роди синот Ривер Џо. Тогаш Џеф имаше 64 години.

Џеф Голдбум семејно
фото:Инстаграм

Откако во 2012 година се венчаше со втората сопруга Хиларија, Алек Болдвин доби дури седум деца. Тој и инструкторката по јога (која е 26 години помлада од него) го добија четвртото дете, синот Ромео, во 2018 година кога Алек имаше 60 години. Нивното петто дете е родено во 2020 година, кога Алек имаше 62, а со сурогат мајка ја добија ќерката Луција. Лани во септември се роди нивното седмо дете, ќерката Иларија Каталина Ирена, откако во март ја објавија среќната вест дека повторно чекаат бебе. Ѕвездата на филмот „Комплицирано е“, исто така е татко на Иреланд, ќерката која ја доби во бракот со актерката Ким Бесинџер.

Фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер во 2016 година, по осми пат стана татко на 73 години, кога 29 годишната девојка, балерината Мелани Хајмрик му го роди синот Деверо Октавијан Бејзил Џегер. Мик исто така е татко на седум возрасни деца со уште четири жени.

Гитаристот на истата група, Рони Вуд, стана татко на близнаци кога имаше 68 години. Тој и сопругата Сали (која е над 30 години помлада од него), ги дочекаа Грејсл и Алис во мај 2016 гпдина. Рони е исто така татко на четири возрасни деца – Џејми, Џеси, Лија и Тајрон од претходните врски.

Алек и Хиларија Болдвин со нивните седум деца
фото:Инстаграм

Музичката ѕвезда Били Џоел ја доби ќерката Алекса Реј Џоел, со поранешната девојка Кристи Бринкли во 1985 година, а оттогаш дочека уште две деца. Вo 2015 година сопругата Алексис Родерик го роди нивното прво заедничко дете, ќерката Дела Роуз, кога Били имаше 66 години, а во 2017 година на свет дојде нивната втора ќерка Рејми Ен.

Сер Пол Макартни имаше 61 година кога го доби петтото дете, ќерката Беатрис, со сега поранешната сопруга Хедер Мајлс, која тогаш имаше 35 години. Пол има и возрасни деца Хедер, Мара, Стела и Џејмс, од бракот со покојната сопруга Линда Макартни.
Род Стјуарт има осум деца. Неговиот најмлад син Ејдан е роден 2011 година, кога Род имал 66 години, а сопругата Пени Ланкестер 40 години. Исто така, заедно го имаат синот Алистер. Род има уште шест деца од претходните врски: Сара, Кимберли, Шон, Руби, Рене и Лијам.

Ќерка му Кимберли веќе имала свое дете, ќерката Дилајла Дел Торо, само шест месеци пред да се роди Ејдан, што значи дека Род има внук и дете на иста возраст.

Роберт Де Ниро имаше 68 години, а неговата бивша партнерка Грејс Хајтауер 56, кога во 2011 година сурогат мајка им ја роди ќерката Хелен Грејс. Таа е најмладото дете на актерот кој ги има и возрасните деца- Елиот (со Грејс), Дрен и Рафаел (со поранешната сопруга Дајан Абот) и близнаците Џулијан и Арон (со бившата девојка Туки Смит).
Листата не завршува тука. Ги има уште многу музичари, актери и водители кои на подоцнежни години повторно ја доживеале магијата на татковството и уживале во првите чекори и зборчиња на своите наследници.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 397

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: Алек Болдвин деца Мик Џегер Пол Макартни татковци Џеф Голдблум. Роберт Де Ниро
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 20480 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1206