Тантрумите се знак дека детето се бори со чувства кои не знае да ги управува
Кога децата се поактивни од вообичаени, а тоа е проследено со чести тантруми или пркос, првиот чекор за справување со проблематичното однесување е да откриете што се крие зад него. Честопати причината не е очигледна, а уште ако децата се мали, тие нема да знаат да ви кажат што чувствуваат. А всушност тие можеби и не знаат што ги мачи.
Бесните испади најчесто се знак дека децата се борат со чувства за кои немаат вештини за управување. Тие може да бидат обземени од нивната фрустрација или гнев и да не знаат како правилно да се изразат и да се смират. Можеби ќе им треба помош за развивање на вештини за контрола на нивното однесување.
Анксиозност
За вознемирените деца најчесто се мисли дека се срамежливи или плашливи, но анксиозноста може да ги натера децата да глумат. Кога анксиозните деца се ставени во ситуации што ја поттикнуваат нивната анксиозност, тие се лутат во обид да ја избегнат таа ситуација. Тоа однесување може да биде многу збунувачко за наставниците и блиските, бидејќи никој не може да сфати од каде доаѓа.
АДХД
Оваа состојба се дијагностицира кога децата имаат проблем со вниманието. Но, за многу деца со ова нарушување и нивните родители – однесувањето е исто така голем проблем. Децата нема да прифатат никакви совети и ќе се однесуваат лошо, затоа што тешко им е да го следат и направат тоа што од нив се бара. Посебно можат да се налутат ако од нив се побара да престанат да прават нешто во кое уживаат, како на пример играње видео игра. Па така обврските како пишувањето домашна задача, одење на спиење, облекување и подготовка за вечера, можат да станат боишта. Децата со АДХД исто така се поимпулсивни од другите деца.
Нарушувања во учењето
Ако детето постојано глуми на училиште или за време на домашните задачи, тоа може да биде резултат на нарушување во учењето. Ова доведува до фрустрации и може да ги натера за себе да мислат и дека се глупави. Децата честопати имаат тенденција да ги кријат своите лични битки. Влегувањето во неволја им е помалку болно, отколку околината да дознае дека нешто не е во ред со нив.
Сензорни проблеми
Децата со сензорни проблеми, кога ќе се најдат во средина која премногу интензивно влијае на нивните сетила, можат да реагираат бурно. Тие можат да почнат да врескаат ако нивното лице е водено или да се вознемират ако е премногу светло, бучно или ако се најдат во голема гужва. Честопати ако се најдат во ваква средина од преголема вознемиреност знаат и да избегаат. Кога овие деца се чувствуваат преоптоварени со сензорни информации, можат да реагираат панично и да се доведат во вистинска опасност.
Преживеана траума
Децата кои биле изложени на траума или злоупотреба често имаат проблеми со менаџирање на силните емоции. Додека се мали децата учат од возрасните како да се смират, додека тие им зборуваат и ги држат во прегратка. Ако го немале ова искуство или биле запоставени, кога ќе се најдат во некоја вознемирувачка ситуација наместо да се смират тие ќе реагираат бурно. Исто така ако се најдат во ситуација да се почувствуваат загрозено или непожелно, можат да реагираат иритантно. Најчесто причина за тоа е што се убедени дека сè она што им се случило е нивна вина. Тоа води до очекување дека никогаш никој нема да ги сака и да ги третира добро, па нема потреба да се трудат да се однесуваат пристојно.