• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Шери бомбици

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од

Се породи во океан и предизвика бура од реакции на

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Со мали трикови избегнете ги најчестите грешки во готвењето

by РиД 28/04/2022 0 Comment
 Со мали трикови избегнете ги најчестите грешки  во готвењето

Подготовката на вкусен семеен оброк или вечера за пријателите, може да биде одлично искуство, а токму храната е вистински повод за дружење. Но една грешка е доволна да го расипе цело јадење, а малите грешки кои можат сè да расипат, се случуваат во најнеочекуваните ситуации.

Пред да почнете да готвите проверете ги сите состојки и внимавајте на рокот на траење. Ако ви се случи да заборавите нешто или да додадете погрешни состојки тоа е најчесто затоа што претходно не сте ги подготвиле сите потребни состојки. Покрај тоа можно е да ви се случи во тек на готвењето да го отворите фрижидерот и да сфатите дека токму најважната состојка ви фали. Затоа следен пат на кујнскиот пулт ставете ги сите состојки кои ви требаат, а тоа воедно ќе ви овозможи поголема ефективност во готвењето.

Тавата за пржење ја преполнувате
Колку и да се трудите, прженото месо не е вкусно. Причината може да биде токму во преполнување на тавата. Имено, при пржење (и печење) храната испушта влага, а ако се обидувате да ја зготвите во преполна тава, месото ќе се динста на пареа, наместо да се пржи. За да го избегнете тоа, ако немате доволно голема тава, подобро е да го готвите на повеќе пати или да користите две тавчиња. Истото важи и за печено месо.
Покрај тоа уште една прична печеното месо да не е доволно вкусно, може да биде недоволно загреаната тепсија. За да добиете вкусно и убаво испечено месо, прво загрејте ја тепсијата, внимателно додајте доволно масло, па откако тоа ќе се загрее, полека спуштете го месото. Корисен совет е месото пред печење да го ставите на кујнска хартија, за да се впие вишокот вода и да се спречи прскање при печење. Уште еден совет е да го одмрзнете месото пред подготовка и да отстои малку на собна температура. Не користете смрзнато или многу ладно месо. Така однадвор ќе биде добро испечено, а внатре ќе остане живо. Ова важи и за риба.

Користите стари состојки
Откако ќе потрошите само половина од зачинот за готвење, другата половина сигурно ќе ја складирате во фиока, а токму тоа може да ви го расипе специјалитетот. Имено користењето многу стари зачини и суви зачински билки на храната ќе ѝ даде чуден вкус. Сушените зачински билки препорачливо е да се чуваат шест месеци, не подолго, бидејќи потоа го губат вкусот. Покрај тоа, избегнувајте користење на исушен кашкавал и остатоци од одамна отворено вино. Таквите состојки ќе го расипат и најубавиот рецепт. Ако ви е жал да фрлате храна, дури и зачини, почнете да купувате мали пакувања, откако претходните ќе ги потрошите до крај.

Состојките за колачи не ги мерите пред готвење
Ако се прашувате како тоа еднаш колачите се супер меки и вкусни, а следен пат кршливи и цврсти, тоа е бидејќи не ги мерите на вага состојките потребни за нивна подготовка. Мерењето на суви состојки за приготвување колачи е единствен начин тие секогаш да бидат добри, бидејќи филџан брашно може да варира и до пет грама. Најдобрата алатка која ви треба е кујнската вага. Исто така внимавајте со прашокот за печиво, кој не смее да има изминат рок. Прашокот за печиво би требало да се чува на ладно и суво место, каде може да издржи 3-6 месеци. Ако е постар, постои опасност тестото да не нарасне.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 99

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: готвење остатоци од храна трикови
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Голем концерт на Каролина во Скопје

15:40 08 Jun 2022

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

14:42 07 Jun 2022

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

14:26 07 Jun 2022

Шери бомбици

14:11 07 Jun 2022

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

13:46 07 Jun 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2022. All Right Reserved