• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Сами направете си совршен маникир

by РиД 06/03/2022 0 Comment
 Сами направете си совршен маникир
фото:pixabay

За уредно нанеување, сушење и отстранување на лакот и секогаш уреден маникир еве неколку трикови:

1. Натопете памучно стапче во вазелин и внимателно нанесете го на кожичката околу ноктите. Тоа ќе ви помогне да не се разлева лакот и полесно ќе го отстраните ако случајно се намачкате отстрана при лакирањето.

2. Ако сакате да ја истакнете бојата на лакот, како базен лак употребете бел мат лак за нокти.

3. Употребете селотејп ако сакате да ги обоите ноктите во две различни бои. Светлиот лак нанесете го на цел нокт, оставете да се исушу, а потоа залепете селотејп на местото на кое сакате тој да остане, па намачкајте потемна нијанса. Кога ќе се исуши тргнете го селотејпот.

4. Свој оригинален лак за нокти можете да направите ако измешајте безбоен лак со сенка за очи во прав.

5. Обоените и исушени нокти натопете ги во ладна вода за да ја стабилизирате бојата на ноктите и да ја продолжите трајноста на маникирот.

6. Заглавеното капаче од лакот ожете да го отворите ако го потопите неколку минути во чаша со топла вода. На овој начин можете и да го омекнете стврднатиот лак за нокти.

7. Отстранете го досадниот лак со светки на следен начин – добро натопете памукче со ацетон, па обвиткајте го околу прстот. Прекријте со алуминска фолија и врзете ја со ластиче, па оставете да дејствува пет минути. Отстранете ја фолијата и памукот, па едноставно одлепете го останатиот лак за нокти.

ИДЕЈА ПЛУС:

Маска за негувани раце
Иако се подразбира кога ќе миете тенџириња и садови дека треба да ставите ракавици, сепак малкумина од нас го практикуваат тоа. Истото важи и за било која активност што е потенцијална опасност за вашите нокти.  Освен тоа не заборавајте дека на рацете се гледаат првите знаци на стареење. За да бидат рацете меки, нежни и негувани, секојдневната грижа за нив е задолжителна. Ако веќе имате знаци на оштетување од изложување на рацете на неповолни влијанија, односно кожата станала рапава и сува, најдобро е да пробате маска која ќе ја направите сами дома.
Еднаш неделно дозволете им на своите раце две три минути уживање.Во сад измешајте 4 лажици бадемово масло, 2 лажици кафеав шеќер и неколку капки лимонов сок. Со оваа смеса измасирајте ги рацете две минути и потоа исплакнете ги со млака вода, па нанесете крема.

 

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 616

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: маникир маска за раце нега нокти
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved