Почина Џери Спрингер, најпознатиот водител на контроверзното ток-шоу
Џери Спрингер почина вчера, во својот дом во предградието на Чикаго, на 79 годишна возраст.
Џералд Норман Спрингер роден е на 13 февруари 1944 година во Лондон во тек на Втората светска војна. Неговите родители Ричард и Маргот, кои биле германски Евреи, побегнале во Англија за да избегаат од Холокаустот. Подоцна, кога Спрингер имал само неколку години, семејството се преселило во Квинс, Њујорк .Тој студирал политички науки на Универзитетот Тулејн, а подоцна дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот Нортвестерн.
Спрингер беше најпознат по неговото контроверзно ток-шоу едноставно насловено „Џери Спрингер“ кое се емитуваше од 1991 до 2018 година со речиси 5000 епизоди. Во 1970 безуспешно се кандидираше за конгресмен, а следната година бил избран за претставник во градскиот совет на Синсинати, работа од која се откажа по три години. Во 1975 година се врати на политичката сцена како градоначалник на Синсинати, позиција на која остана една година. Џери исто така беше водител на втора и трета сезона од шоуто „Америка има талент“”, а во 2006 година учествуваше во натпреварот “Танц со ѕвездите “ .
Џери Спрингер во 1973 година се венчаше со Мики Велтон, со која останаа во брак до нивниот развод во 1994. Од овој брак тие ја имаат ќерката Кејти.