• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Породување под хипноза е вистински благодат за мајката и бебето

by РиД 17/03/2022 0 Comment
 Породување под хипноза е вистински благодат за мајката и бебето
фото:pexels

Состојбата на хипноза е сосема природна состојба на умот и сите ние паѓаме во неа барем два пати на ден. Тоа е моментoт на замаеност, помеѓу спиење и будење, кога сме полусвесни за работите што се случуваат околу нас. Хипнозата во современата медицина и воопшто во животот има широка примена и сè повеќе се применува кај родилките.

Жените во многу земји во светот раѓаат без драма и врескање. Придобивките од хипнозата за време на породувањето се неверојатни:  побрзо и поефикасно породување, помалку болка,  помалку дополнителни интервенции, смирено и здраво бебе, побрзо закрепнување на мајката, намалена можност за постнатална депресија, подобро доење.

Како хипнозата помага при породувањето?

  1. Релаксација – состојбата на хипноза е многу релаксирачка и за умот и за телото. Во оваа состојба, целото тело се релаксира, заедно со крвните садови. Проширувањето на крвните садови обезбедува подобар проток на крв низ телото, особено во матката.
  2. Поефикасно породување -за време на породувањето, опуштеното тело се грижи крвта да се пренасочи кон матката, со цел контракциите да бидат поефикасни, а самиот процес на раѓање полесен и побрз. Опуштениот ум и тело на матката го обезбедуваат потребното снабдување со крв, а добрата циркулација подразбира подобро постнатално снабдување со млеко.
  3. Ги смирува емоциите- хипнотерапијата во голема мера го ублажува стресот и анксиозноста. Ова олеснување обезбедува помирно раѓање, а благотворно делува и на психичката состојба на мајката во постнаталниот период.
  4. Ограничување на стравот -стравот е главниот единствен фактор што треба да се промени за време на породувањето. Тој го комплицира породувањето, го намалува протокот на крв и ја зголемува перцепцијата за болка. Состојбата на страв произведува маѓепсан круг страв-напнатост-болка, каде што стравот создава напнатост, напнатоста предизвикува болка, која потоа создава уште поголем страв и така во недоглед. Ако го надминете стравот, значително сте му помогнале на вашето тело да го направи она што е природно, и удобно и лесно да родите бебе.
  5. Ослободување од стрес- кога сме под стрес или страв, нашиот мозок ослободува адреналин и други хормони во крвотокот. Крвта ита кон рацете и нозете, кои се подготвени за борба и бегство, а сето тоа се случува на сметка на крвта од матката, која е неопходна за контракции. Доколку нема доволно проток на крв во матката, таа се собира понеефикасно и побавно, а исто така може да се наруши протокот на крв до детето, што во никој случај не е пожелно. Другите крвни садови исто така може да се стеснат, што повторно го спречува правилното функционирање на матката. Кога со хипноза ќе го отстраните факторот на стрес од процесот на раѓање, целата процедура се изведува побрзо, поопуштено и со минимален ризик по здравјето на детето.
  6. Поопуштено дете – напнатата мајка ослободува хормони на стрес, адреналин и кортизол во крвотокот, а тоа придонесува бебето по породувањето да биде понервозно. Сепак, бебињата по својата природа можат да издржат неколку часа породување, а „опуштеното“ дете генерално е поуспешно во подоцнежниот живот.
  7. Постпартално закрепнување – опуштената мајка ќе има добар проток на крв низ телото, што овозможува побрзо обновување на меките ткива и подобро снабдување со млеко. Докажано е дека стресот има негативно влијание врз производството на млеко, па опуштената мајка има предност уште од самиот почеток.

Како се постигнува оваа ситуација?

Хипнотерапевтот ќе ви помогне прво да се справите со вашите стравови. Ако имате негативен став за породувањето, мора сериозно да работите на тоа и со позитивно размислување да го победите стравот. Женското тело е наменето за породување, природно се отвора и му овозможува на бебето да излезе надвор, додека мозокот инстинктивно ослободува ендорфини кои ја ублажуваат болката. Напнатоста на мајката го попречува овој природен процес, а самото чувство на болка е многу поинтензивно.

Жените кои пробале породилна хипноза, речиси без исклучок, имаат само позитивни искуства, кои продолжуваат и во постпородилниот период. Хипнотичкиот транс е сосема природна состојба и трудницата лесно тоне во него.

Хипнозата за време на породувањето и овозможува на мајката да остане смирена, протокот на крв се подобрува, а породувањето е многу полесно. Опуштениот ум и тело и даваат на мајката позитивно чувство дека сè држи под контрола.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 485

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: породување хипноза
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved