Пилешко гиро

Состојки:
– 500 – 600 г пилешко бело месо, 2 лажички вински оцет, 2 лажици маслиново масло, 2 полни лажици кисело млеко, 1 лажичка оригано, 4 чешниња лук, сок од лимон, сол и црн пипер
Плус:
– тортиљи, домати и црвен кромид
За ѕаѕики сосот:
– 450 мл кисело млеко, ½ краставица, 2 – 3 чешниња лук, 1 лажичка вински оцет, малку сок од лимон, маслиново масло, сол и црн пипер
Приготвување:
За ѕаѕики сосот, ставете го киселото млеко во газа над еден сад нека стои неколку часа (или ако е можно преку ноќ), за да се исцеди вишокот течност. Излупете ја и изрендајте краставицата. Ставете ја во крпа и стиснете да ја исцедите вишокот вода. Измешајте го киселото млеко, краставицата, со згмечениот лук и отанатите состојки, да се соединат. Додајте лимунов сок по вкус, попрскајте со маслиново масло и нека стои во фрижидер 30 минути пред да послужите.
Во еден сад измешајте го згмечениот лук, сокот од лимон, оцетот, маслото, киселото млеко, ориганото, солта и црниот пипер. Со оваа смеса прелејте го пилешкото месо да се маринира околу еден час. Потоа испечете го на скара или пак во рерна. Оставете го малку да се излади, па исечете го на ленти. Загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со малку масло, потоа наполнете ги со пилешко, ѕаѕики сос, сечкани домати и црвен кромид.