• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

Линдзи Лохан е бремена

Меган Маркл е вистинска модна икона

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

Едноставен трик за сјаен мијалник во кујната

Начинот на кој се бакнувате посебно ве поврзува

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Пет работи кои секое момче сака да ги слушне од својот татко

by РиД 15/03/2022 0 Comment
 Пет работи кои секое момче сака да ги слушне од својот татко
фото: pexels

Влијанието на таткото врз развојот на момчето е исто толку важно како и влијанието на мајката. Во нашето опкружување големо внимание се посветува на машкоста, па затоа татковците повеќе се трудат да ги „исчеличат“ синовите, отколку да им посветат внимание и љубов, кои се основни потреби на децата.

За секој татко и неговиот син, најдобро е да се напуштат патријархалните норми на воспитување, бидејќи нежноста, зборовите на поддршка и квалитетното време поминато заедно многу подобро влијаат на воспитувањето и менталното здравје на момчето.

За детето нема подобар начин да му објасните нешто, освен со нежност и емоции. Зборовите понекогаш имаат неверојатна моќ, а за правилно воспитување на момчето, речениците од овој тип се многу важни во текот на растењето.

Најважно е ти да си среќен
Во денешно време од мажот се очекува многу, особено во патријархалните општества, и на деловен и на приватен план. Тој треба да биде главниот носител на семејството, кој ќе ги стави неговите потреби на последно место. Научете го вашиот син дека е во ред да си посвети време себеси, на своите желби и соништа.

Од другите очекувај го само она што го даваш
Најважно е од вашиот син да направите личност која ќе се однесува со другите онака како што сака другите да се однесуваат со него. Тоа помага да се научи на заедништво и верност, а водено го поттикнува индивидуализмот.

Биди нежен со себе
Емоциите се речиси забранети за мажите. Од нив се очекува секогаш да бидат силни, мирни и стабилни, а солзите се знак на слабост и недостаток на машкост.  Ова е сосема погрешен пристап, а воспитувањето на момчето во таков дух ќе го направи повлечено и несигурно. Научете го дека сосема е во ред понекогаш да заплаче.

Те сакам и те разбирам
Секое дете треба да се чувствува сакано. Децата не знаат секогаш да ги разберат делата што ги правите од љубов, па затоа не треба да избегнувате со зборови да ги потсетувате колку ви значат. Важно е момчето да почувствува дека стоите зад него,  дека ја има вашата поддршка и дека вашата љубов е безусловна.

И јас грешев, многу пати
Момчето гледа на својот татко како на најголем идол. Во раните години, тоа ќе се обиде да прави речиси сè исто како и неговиот татко.  Важно е да му покажете на вашиот син дека грешките се нешто што се случува, дека и вие како негов модел и ѕвезда водилка сте ги направиле, но на крајот сте се вратиле на вистинскиот пат.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 364

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: воспитување син татко
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

18:37 15 Mar 2023

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

18:08 15 Mar 2023

Линдзи Лохан е бремена

17:54 15 Mar 2023

Меган Маркл е вистинска модна икона

17:20 15 Mar 2023

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

16:46 15 Mar 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved