Откријте го стилот на учење на вашето дете
Секое дете учи различно, без разлика дали преку слушање, гледање или правење работи. Начинот на кој вашето дете учи најдобро се нарекува негов стил на учење. Набљудувањето е најдобриот начин да откриете кој стил на учење најмногу одговара на вашето дете. Обрнете внимание на начинот на кој игра и комуницир асо светот.
Аудитивни ученици
Овие деца најдобро учат преку слушање. Тие можат лесно да ги следат усмените упатства и можат да уживаат во слушањето приказни додека им се читаат на глас, без разлика дали чита возрасен или слушаат аудио-книга. Кога читаат сами, претпочитаат тоа да го прават на глас. Овие ученици можат да покажат интерес за музика уште од најрана возраст.
Кинестетички ученици
Овие деца најдобро учат преку разни движења. Наместо да им се каже како да танцуваат, кинестетичките ученици веќе танцуваат. Тие ги користат сите пет сетила – вид, допир, вкус, мирис и слух. Ако вашето дете се истакнува во груби моторни активности како спорт или танц и може лесно да ги повторува движењата на телото, тоа можеби е кинестетички ученик. Кинестетичките ученици се одлични во спортот или други физички активности. За овие ученици, мирното седење во училница може да биде предизвик.
Тактилни ученици
Овие деца учат најдобро преку допирање на предмети и материјали. Тие претпочитаат да ги преместуваат работите или да ги допираат за целосно да ги разберат. Овие ученици можно е да имаат проблем со слушањето на училиште, ако нема нешто што можат да го допрат. Тактилните ученици може да бидат надарени уметници и да уживаат да работат со глина или да градат сложени структури со блокови. Тие, исто така, можат да уживаат во научни експерименти или други активности како што се ткаење или сечење снегулки од хартија.
Визуелни ученици
Овие деца најдобро учат преку гледање и читање. Пишаните насоки или визуелните слики го поддржуваат нивното учење. Видео инструкциите можат да бидат многу корисни за визуелните ученици, затоа што можат лесно да ги заборават усните упатства, без визуелни знаци или потсетници. Децата кои учат визуелно може да имаат силно чувство за просторна свест и имаат тенденција да бидат добри во визуелизација на информации или концепти. Овие ученици често прават белешки, препишуваат зборови, подвлекуваат, користат различни бои и маркери. Визуелните ученици уживаат во читањето и уметноста.
Разбирањето на стилот на учење на вашето дете ви ги дава потребните алатки за да му помогнете на вашето дете да успее.