Одржете ја вашата врска здрава и полна со емоции

Секоја врска е единствена и луѓето се зближуваат поради многу различни причини. Дел од она што ја дефинира здравата врска е споделување на заедничка цел, однсоно каква сакате да ви биде врската и во која насока да се движи. Ова ќе го дознаете само ако длабоко и искрено разговарате со вашиот партнер.
Постојат некои заеднички карактеристики кои ги имаат повеќето здрави врски. Познавањето на овие основни принципи може да помогне да ја одржите вашата врска значајна, исполнета и возбудлива без оглед на целите кон кои се стремите или предизвиците со кои се соочувате заедно.
- Емоциите се на прво место
Ако секој од вас прави другиот да се чувствува сакано и емотивно исполнето, тоа ќе ви овозможи да се чувствувате прифатено и ценето од партнерот. Некои врски се заглавуваат во мирен соживот, но без вистинска емотивна поврзаност на партнерите. Иако врската на изглед може да биде стабилна, недостатокот од емоционална поврзаност може само да создаде раздалеченост помеѓу партнерите. - Не плашете се од несогласување
Некои парови тивко разговараат за сè додека други знаат бучно и страсно да се расправаат. Меѓутоа, клучот во силна врска е да не се плашите од конфликт. Треба да се чувствувате безбедно да ги изразувате работите што ве мачат без страв од одмазда и да можете да го решите конфликтот без понижување, деградирање или инсистирање да бидете во право. - Не заборавајте на пријателите и семејството
Никој не може да ги задоволи сите ваши потреби во целост. Всушност, преголемото очекување од партнерот може да изврши нездрав притисок врз врската. За да ја стимулирате и збогатите вашата романтична врска, важно е да го одржите сопствениот идентитет надвор од врската, да ги зачувате врските со семејството и пријателите и да ги одржувате вашите хоби и интереси. - Комуницирајте отворено и искрено
Добрата комуникација е клучен дел од секоја врска. Кога и двајцата знаат што сакаат од врската и се чувствуваат удобно да ги изразат своите потреби, стравови и желби, тоа може да ја зголеми довербата и да ја зајакне врската меѓу вас.