Овие продукти никогаш не треба да ги замрзнувате
Ниската температура може да ја уништи текстурата, вкусот и изгледот на некои продукти. Затоа некои од нив никогаш не треба да ги ставате во замрзнувач. На пример живите јајца ако ги замрзнете ќе им распука кората и тоа ќе овозможи развој на бактерии. Ако сакате да ги замрзнете, прво искршете ги и ставете ги во соодветен сад.
Зеленчукот богат со вода, како целер, зелена салата, краставици, ротквици и др., лесно се замрзнуваат, но одмрзнувањето ќе ги уништи нивните клетки и тоа ќе им даде нова структура. Односно по одмрзнување ќе станат меки и кашести. Доматите од друга страна, можете да ги замрзнете, ако планирате подоцна да ги готвите, но одмрзнатите домати никогаш не ги консумирајте сурови.
Неотворена кесичка со кафе во зрно можете да држите во фриждер еден месец, но по отворање на кесичката не ја враќајте назад во замрзнувач. Одмрзнувањето и повторното замрзнување предизвикува кондензација поради што зрната кафе ќе ги впијат сите непријатни мириси од замрзнувачот.
Меките млечни прозводи како кисела павлака, урда, слатка павлака по одмрзнување ќе станат воденести. Исто така не замрзнувајте големи парчиња кашкавал, кој по одмрзнување ќе се рони и нема да можете да го исечете.
И компирот не се препорачува да се замрзнува, бидејќи по одмрзнување ја губи бојата, а при варење ќе биде преполн со вода. Салати со мајонез, преливи за салати, како и јадења кои содржат мајонез, по вадењето од замрзнувач ќе станат воденести.