• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Нова година – нов почеток

by РиД 07/02/2022 0 Comment
 Нова година – нов почеток

Постојат лоши навики кои ја убиваат убавината, а сепак е потребна мала волја за да се ослободите од нив. Редовна употреба на крема за сончање, порано одење на спиење, малку здрава храна – се само некои од навиките кои ќе ви помогнат да се чувствувате, но и да изгледате подобро. Еве кои навики треба да ги заборавите, оставите во старата година и сами да си придонесете за лично задоволство.

1. Избегнување на кремата за сончање

Најдобар начин кожата да ја сочувате од брчки, млитавост и дамки е употребаа на крема за сончањае со висок зашитен фактор и тоа на дневна база, а особено на лето, дури и кога одите на работа. Обновете го слојот пред да излезете од дома, без разлика што патувате со автомобил. Кога сте цел ден на отворено, намачкајте се нов слој на секои два часа.

2. Пушење

Овој убиец на убавината и здравјето за кој сите знаат, не е лошо да се спомене уште еднаш колку негативни последици има. Помислете само на се подлабоките брчки и жолтеникавиот тен на кожата. Секоја пушачка деценија на вашиот изглед му додава две и пол години, покажала студијата направена од американски истражувачи.

3. Премногу алкохол

Не, не значи дека морате да се откажете од секоја забава. Сосема е во ред да се испие една до две чашки од нешто. Но пиењето на повеќе од еден коктел дневно доведува до проблеми со кожата. Алкохолот ги поттикнува воспалителните процеси во телото кои со тек на време водат до губење на еластичноста на кожата.

4. Избор на погрешни производи за нега

Една од најчестите грешки кои ги правиме при избор на кремите е несоодветна крема за нашиот тип на кожа. Најдобро е да се побара стручен совет и да се одреди дали имате сува, масна, мешана или eкстремно чувствителна кожа и според тоа да најдете препарати кои се прикладни за вас. Легнување во кревет со шминка, исто така лошо влијае на кожата.

5. Занемарување на негата на деколтето и вратот

Негата на кожата не смее да заврши со вашата брада. И вратот и деколтето се секогаш изложени на надворешни влијанија, а сепак ретко мислиме на нивната хидратација и заштита од сонцето. Кожата на тие места е деликатна и подеднакво чувствителна. Следен пат кога нанесувате серум, крема за лице или за сончање, или пак правите пилинг на лицето, проширете го третманот на вратот и деколтето.

6. Негрижа за бемките

Последните години, во однос на осумдесетите, меланомот меѓу жените на возраст меѓу 15 и 39 години порасна за 50 проценти. Поука? Секој треба еднаш годишно да посети дерматолог и да ги прегледа бемките (младежи),а самопрегледа да направи еднаш месечно. Не заборавајте при тоа на темето, стапалата и промените на ноктите.

7. Користење стари мејкап четкички

Неодржувањето на хигиената на четките, сунѓерчињата и сите други помагала со кои секојдневно го допирате лицето, може да ги затвори порите и да предизвика бактериски инфекции. Најмалку на секои три недели исперете ги четките со нежен шампон, добро исплакнете и оставете ги да се сушат преку ноќ.

8. Пречести пилинзи

Додека длабинското чистење на порите може да е добро, агресивното чистење и пречестите пилинзи можат да го пореметат природното лачење масти и да го помогнат нападот од бактерии.

9. Доцно легнување

Недостигот на сон предизивкува стрес, кој може да ја влоши состојбата на кожата – појава на акни, екцеми, псоријаза. Спиењето е време кога вашето тело се опоравува од секоја штета предизивкана во текот на денот, а пореметувањето на тој процес го успорува обновувањето на клетките. Тоа накратко може да го успори протокот на кислород до кожата, поради што кожата ќе ви биде бледа.

10. Брза храна

Правилната исхрана докажано влијае на добриот тен. Поради брзата храна ќе бидете полни си акни, депресивни, ќе добивате празни калории кои дебелеат без добро влијание за организмот. Наместо по чипс, посегнете по грицки ккако што се ореви, бадеми, авокадо и сл. Тие се здравите маснотии кои ја хранат вашата коса, кожа, нокти и базичниот метаболизам.

11. Избегнување на вежбањето

Освен што ќе ви го подигне расположението, вежбањето го зголемува протокот на крв, а кога клетките ви се полнат со крв изгледате онака здраво румени. Вежбањето има моментални, но и долгорочни влијаниа на организмот, не само убаво обликувано тело, кожа без акни и мозолчиња, туку сте и задоволни со животот во целина.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 191

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved