Направете си еколошки детергент за перење бебешка облека
Конвенционалните брендови на детергент за перење облека можеби се популарни, но сè уште има многу опции за да ја одржувате облеката на вашето бебе свежа и чиста и со поинаков избор на детергент. Бебињата имат многу чувствителна кожа и деликатен имунолошки систем, што ги прави посебно чувствителни, а изборот на лош детергент може да предизвика силна алергиска реакција и проблеми со кожата, како егзема.
За да избегнете вакви проблеми, најдобро е да користите течен детергент на растителна основа. Формулата кај некои течни детергенти со тројни ензими е совршена за дамки кои тешко се отстрануват, но не треба да содржи хемикалии и мириси кои можат да ја иритираат кожата.
Еве еден рецепт како да направите домашен течен сапун за перење, користејќи едно калапче нежен детски сапун.
Покрај сапунот потребно ви е и:
– 1/4 чаша бел оцет, 1 лажица органски глицерин, 3 чаши обична вода, 4 литри дестилирана вода, 30 капки од омиленото есенцијално масло.
Во сад изрендајте го сапунот. Додајте ги трите чаши вода и ставете на шпорет да се вари, додека се растопи сапунот. Потоа оставете целосно да се излади. Во друг длабок сад ставете ги другите состојки и измешајте. На крај додадете ја дестилираната вода, која претходно сте ја загреале. Оставете ја смесата да отстои 24 часа пред да ја користите. Префрлете ја смесата во соодветен сад, па пред секоја употреба протретесе го и употребете по една чашка.
Есенцијални масла за миризлива облека
За одличен мирис на вашата облека користите есенцијални масла (не мирисни масла).
Еве еден рецепт за домашен : измешајте четири литри бел оцет и 30 капки од вашето омилено есенцијално масло. Добро измешајте и ставете една шолја во отворот за омекнувач на вашата машина за перење.
За да добиете прекрасен миризлив детергент додајте го омиленото есенцијално миризливо масло во вашиот течен детергент за перење. Можете да користите едно масло или можете да мешате и спојувате повеќе масла за да создадете сопствен мирис за облеката. Маслата популарни за свеж и чист мирис се: лаванда, чајно дрво, цитрусни масла, како лимон и портокал и цимет. Колку капки ќе ставите, е ваш избор.
Совет: Проверете ги информациите за гаранцијата на вашата машината за перење и сушење пред да користите бел оцет или есенцијални масла.
И запомнете дека детергентот за бебиња не е единственото нешто во домаќинството што треба да биде еколошко. Истото поеднакво важи и за сите ваши производи за чистење и козметика.