Мишел Обама: „Во брак сме 30 години, а 20 од нив беа одлични“
Мишел Обама вели дека светот има тенденција да прави гламур од бракот, додека во реалноста бракот е „тежок“.
– Ние сме во брак 30 години. Ако се расправав со него 10 години и имавме одлични 20 години, би ги превземала сите тие предизвици повторно и во секое време – рече Мишел Обама за поранешниот претседател Обама за време на интервјуто со Гејл Кинг на „CBS Mornings“.
На забелешката од Гејл Кинг дека во период од една деценија од нивната врска, таа „не го поднесувала“ својот сопруг, Мишел изјави:
– Ние му даваме гламур на бракот. Во денешно време, бракот е повеќе од фустанот, и запросувањето, и медениот месец и сите други поврзани работи. А младите не се подготвени за вистинскиот брак. Многу млади луѓе се откажаа од бракот поради работи кои се само дел од посветеноста.
Авторката на „Light We Carry“, промовирајќи ја својата книга и претстојниот специјал на Netflix што го сними со Опра Винфри додаде:
-Ги споделувам овие работи бидејќи бракот е тежок. За нас – луѓето кои имале успешни бракови – неопходно е да бидеме навистина искрени за фактот дека обврзувањето да се биде со некого значи дека правите компромиси, а компромисот не е секогаш забавен.
„И не додавајте деца во мешавината бидејќи тие навистина ви го расипуваат животот“, се пошегува мајката на сметка на своите две деца.