Меган Маркл напредува со холивудската кариера
Војвотката од Сасекс потпиша договор за застапување со агенцијата за таленти „Вилијам Морис Ендевор“. која ќе биде одговорна за промоција и застапување на брендот „Арчивел“, кој Маркл го основаа заедно со сопругот, Принцот Хари, во 2020 година. Тимот на Меган Маркл сега вклучува повеќе моќни агенти на чија листа на клиенти се имиња како Двејн Џонсон и Серена Вилијамс. Ова партнерство ќе се фокусира на креативните и бизнис потфати на Маркл, но не и на актерството.
Веста за овој договор доаѓа три години откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од кралското семејство и се преселија во Калифорнија. Тие досега имаат потпишано договор со Спотифај во кој е вклучен и „Арчитајпс’, подкастот на Меган, а нивното повеќегодишно партнерство со Нетфликс резултираше со документарната серија “Хари и Меган “.
Семејството покрај синот Арчи Харисон, кој сега има 3 години, во јуни 2021 година ја доби и ќерката Лилибет Дијана.
На 6ти мај принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на Кралот Чарлс III и кралицата Камила во Лондон, но Меган Маркл ќе остане во Калифорнија за да го прослави 4тиот роденден на Арчи, кој се паѓа на истиот ден.