Која е Констракта: Како живее уметницата и мајка Ана Ѓуриќ пред и по Евровизија
Ана Ѓуриќ – Констракта преку ноќ стана мега популарна, а многумина се прашуваат која е всушност пејачката која ќе ја претставува Србија на Евровизија.
Нејзината песна наречена „In Corpore Sano“ (на латински, In Healthy Spirit) победи синоќа благодарение на гласовите на жирито и публиката. Ана настапува во бендот „Земља грува!“ која ја поддржува авторската работа на своите членови, па и нивната друга пејачка Зое Кида замина во „независни води“ и синоќа настапи со песната „Бејби“.
Ана инаку е архитект, мажена е и има две деца, а нејзиното секојдневие личи на „жонглирање“ со обврски слично како и сите други жени во Србија – пренесува порталот „Убава и среќна“.
Станува во седум часот, ги подготвува децата за на учпилиште, појадува, мие садови, ја средува куќата, трча на работа, но наоѓа време и за музика и креативност. Вели дека музиката и е вистинска терапија и дека за неа е врвна забава. Прекарот „Констракта“ си го далакога имала 20 години и студирала архитектура, бидејќи во своите стихови барала вистинска математичка хармонија.
Денеска има 44 години, децата Лена и Никола се на прагот на тинејџерските години, а на сите свои многубројни обврски ја додаде и улогата на управител на станбената заедница. Ана нагласува дека нејзиното семејство е основната основа и потпора во сè.
Победничката песна е посветена на здравјето, но од посебен агол.
Според неа, ние сме под постојан притисок да бидеме здрави, но треба да имаме здрав однос кон здравјето и болеста и смртта и да разбереме дека голем дел од сето тоа е во наши раце.
https://www.instagram.com/p/BznXhgpoqeF/