• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Претераното конзумирање шеќер има долгорочни негативни последици по целокупното здравје

Преспивањето ја подобрува меморијата на вашите деца

Како да ја имате најубавата и најшарена расцветана градина

Пашканат – користете ги коренот и листовите

Мишел Обама: „Во брак сме 30 години, а 20 од

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

by РиД 07/06/2022 0 Comment
 Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот
фото:Инстаграм

Шакира и Пике се заедно од 2011 година, а пејачката и фудбалерот се запознаа на снимањето на видеото за нејзината песна „Waka Waka“ направена за Светското фудбалско првенство во 2010 година. Иако никогаш не ја легализираа својата брачна заедница, во долгиот заеднички  живот добија два сина – Милан (9) и Саша (7) и стекнаа големо финансиско богатство.

Според шпанскиот весник „Марка“, колумбиската пејачка и фудбалерот по раскинувањето ќе треба да се договорат за прераспределба на имотот. Имено, Шакира во последните години заработила околу 300 милиони евра, благодарение на нејзината успешна музичка кариера. Жерар Пике, пак, во сличен временски период заработил 80 милиони.
Нивната лична заработка ќе остане недопрена затоа што никогаш законски не ја официјализирале врската. Исто така, распределбата не се однесува на движен и недвижен имот, купен или стекнат, пред заедничко живеење и раѓањето на децата.

Шакира поседува вила во Мајами вредна 13 милиони евра, а фудбалерот поседува куќа на три ката во центарот на Барселона, чија вредност се проценува на 4,5 милиони евра.
Покрај договорот за старателство над синовите, договорот мора да биде и поради заеднички инвестиции. Шакира и Пике заедно купија куќа во Есплугес де Лобрегат вредна 4,5 милиони евра во 2012 година и уште една куќа во близина на Камп Ноу вредна пет милиони евра. Ова се два имоти кои бившите партнери треба да ги делат.

Станот во Барселона, каде моментално живее Пике, по раскинувањето е во негова сопственост. Шпанскиот весник „Марка“ наведува дека станот на фудбалерот во срцето на Барселона има три ката, тераса и базен и вреди 4,5 милиони евра.
За потсетување, раскинувањето меѓу Шакира и Пике, според шпанските медиуми, се случи поради измама. Иако постојат различни верзии, парот не сакаше да излегува во јавноста со интимни детали. Пејачката пред неколку дена беше фотографирана во брзата помош, но ги демантираше приказните дека и е болна и појасни дека била со татко ѝ кој паднал.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 736

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: неверство пике развод шакира
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна од бојата на вашата куќа?

16:40 22 May 2023

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

00:13 17 May 2023

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни особини на личноста

11:37 15 May 2023

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

11:29 15 May 2023

Мал или голем дом, што е подобро?

11:25 15 May 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved