• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

Личност што сака кучиња наспроти личност што сака мачки: уникатни

Дали е можно да се забремени во тек на менструација?

Мал или голем дом, што е подобро?

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Кога вашата мајка ќе почине, знајте дека добивте свој ангел чувар

by РиД 22/02/2022 0 Comment
 Кога вашата мајка ќе почине, знајте дека добивте свој ангел чувар
фото:pexels

Денот кога ја изгубивте својата мајка е најлош и најтажен ден во животот. Кога таа ќе замине, сè ќе се смени засекогаш. Ќе почнете да чувствувате нешто за кое не сте ни знаеле дека постои. Ќе размислувате за нешто што никогаш порано не ви паѓало на памет. Ќе се изненадите со она што до тогаш не сте го ни забележувале.

Тоа ќе биде нешто целосно ново и ќе ви го скрши срцето.

Без разлика колку години имате, ќе чувствувате дека на оваа Земја недостига вашата мајка. Ќе сфатите колку ви била важна и мила. Колку сте ја сакале, како нејзиното присуство и љубов сте ги земале „здраво за готово“. И дури откако ќе ја изгубите саканата личност, буквално ве парализира една мисла: „Каде е сега, во кој свет живее?“

Таа е покрај вас. Иако се чини неверојатно, таа засекогаш останува ваш ангел чувар кој никогаш не ве напушта и заборава. Невозможно е да верувате во тоа, но можете да се заколнете дека и понатаму го чувствувате нејзиниот мирис, нејзиното присуство. Нема да можете да ја допрете, повикате, но таа секогаш ќе биде покрај вас. Понекогаш срцето само ќе викне  „мама“, иако  одамна ја  нема.

Со денови, месеци и години ќе се прашувате дали знае колку сте ја сакале, колку ви недостига, колку ви значи. Вината ќе ве јаде секој ден што не ѝ кажувавте почесто колку ја сакате, што не поминувавте повеќе време со неа, што немавте повеќе време за вас две….

Минути ќе минуваат како денови, денови како години…времето ќе остане заробено во една неподнослива болка. Бидејќи токму тоа се случува кога од животот си оди најмилата личност на светот- мајката….

Ќе ви недостигаат нејзините повици, бојата на нејзиниот глас, насмевката, допирите…. А прашањата ќе навираат и  ќе ве мачат со својата  тежина:

„Дали ѝ недостигам?“

„Дали ми кажа сè што сакаше?“

„Дали зборувавме за сè штое  важно и значајно?“

Времето не ги лечи тие рани, затоа што сеќавањето на мајката никогаш не избледува. Тогаш ќе сфатите дека вашата мајка  е с о вас. Дека секогаш ќе ве сака. Секогаш ќе биде покрај вас, бидејќи вашите души се споени. Тој сојуз е посилен од смртта. Таа љубов е животот.

 

  • 34
    Facebook
  • 7
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Post Views: 1,603

Share This:

  • 34
    Facebook
  • 7
    Facebook-messenger
  • 1
    Email
Tags: ангел љубов мајка смрт
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

17:04 12 Jul 2023

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

16:55 12 Jul 2023

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни за вашето дете

16:32 12 Jul 2023

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

15:56 12 Jul 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved