• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Шери бомбици

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од

Се породи во океан и предизвика бура од реакции на

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од друго дете

by РиД 07/06/2022 0 Comment
 Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од друго дете
фото:pixabay

Родителите генерално имаат потреба да го заштитат детето во секоја ситуација во која веруваат дека неговата безбедност и сигурност се загрозени. Она што мајките и татковците треба да го имаат на ум во моменти кога нивното дете е удрено од друго, е дека детето ги набљудува и ги „впива“ нивните реакции, дури и кога станува збор за конфликт со врсниците.

Колумнистката за совети на Parents.com, д-р Емили Едлин објаснува како родителите треба да реагираат ако нивното дете биде удрено од некое друго. Според неа, потребно е родителите да бидат посовесни во примената на некои методи на „одбрана“ на децата во вакви ситуации.

Како што истакнува, најважно е да знаете дека децата секогаш внимаваат што правиме ние возрасните. Можеби не изгледа така, бидејќи не ги собираат играчките дури и кога ќе видат како вие го правите тоа, но децата навистина внимаваат како реагираме, особено во стресни ситуации.

Останете смирени
Ако друго дете го удри вашето, а родителот на другото не интервенира, пријдете му на вашето дете и проверете дали е добро. Смирено кажете му на другото дете дека изгледа како да го повредило вашето дете и го растажило. Овој вид на акција може да му даде до знаење на родителот на другото дете дека е неопходно да се вклучи и да направи или каже нешто. Вашата мирна реакција исто така му покажува на вашето дете дека сè е под контрола.
„Она што сакам да го истакнам е лекцијата за свесност во ситуација“, вели Едлин. Накратко, практиката на свесност му помага на нашиот мозок да остане смирен во стресни ситуации кои предизвикуваат силни емоции. На крајот, ова ниво на смиреност ни помага да реагираме најдобро што можеме.
Практикувањето на свеста развива силна свесност за мислите и чувствата во моментот. Самиот чин да си признаете во одреден момент дека вашиот гнев расте и дека може да ја изгубите контролата, дека имате желба да му удрите шлаканица на родителот како што неговото дете го удрило вашето, веќе е првиот чекор кон контролата. Кога ќе го сфатите ова, почнете да дишете длабоко. Вдишувањата се одличен начин да се контролира тој гнев за да се реагира што е можно поадекватно и подобро.

Што ако инцидентот се повтори?
Колку што сте еволуирале преку практиката на свесност за управување со гневот, исто така треба да бидете подготвени за ситуација во која може да се повтори сличен инцидент. Тогаш проблемот станува поструктурен по природа. Секое дете во групата заслужува да се чувствува безбедно и повторно агресивното однесување, со кое возрасните не се справуваат на соодветен начин, го попречува тоа чувство на сигурност.

Ако истото дете повторно го повреди вашето дете, следете ги стратегиите опишани погоре. Потоа пријдете на родителот или старателот кој бил одговорен за децата во моментот на инцидентот и изразете ја вашата загриженост. Откријте какви чекори планира да преземе за да го реши проблемот. Ќе треба да поставите јасни граници и очекувања, затоа погрижете се таквите мерки да ги преземат луѓето одговорни за детето кое го нападна вашето.

Многу е веројатно дека сите родители во одреден момент ќе се најдат во слична ситуација, на оваа или онаа страна. Важно е да реагирате правилно, смирено, но сигурно, да им покажете на вашите деца и на другите како проблемите најдобро се решаваат по мирен пат и да доведат до ситуација која ќе биде правилна за сите вклучени страни.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 503

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: деца караници реакција тепање
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Голем концерт на Каролина во Скопје

15:40 08 Jun 2022

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

14:42 07 Jun 2022

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

14:26 07 Jun 2022

Шери бомбици

14:11 07 Jun 2022

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

13:46 07 Jun 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved