• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Шери бомбици

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од

Се породи во океан и предизвика бура од реакции на

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Кујна

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

by РиД 03/06/2022 0 Comment
 Златни правила за подготовка на совршен бифтек
фото:pixabay

Без разлика дали сте дома или во природа подготвувате скара, подготовката на бифтек треба да е едноставна, зарем не?
За жал постојат нешта кои многумина од нас одбиваат да признаат дека можат да го уништат и најсовршеното парче месо. Но, добра вест е дека можете да ги следите овие неколку правила и многу брзо да станете вистински мајстор за подготовка на бифтек.

1. Правилно складирање на месото
Кога ќе купите убаво парче месо идеално е да го приготвите веднаш, или следниот ден. Но, со оглед дека тоа не е секогаш возможно, месото треба да го чувате во најладниот дел од замрзнувачот, добро затворен во кесичка во која нема да влегува воздух. Ако се решите да го приготвувате замрзнатото месо ставете го еден до два дена да се одмрзнува во фрижидер. Друг важен момент е ладното месо да не го ставите веднаш на скара. Така ќе добиете парче месо кое однадвор е препечно, а внатре сурово. Наместо тоа извадете го месото од фрижидер 30-60 минути пред да почнете да го готвите, отстранете ја кесичката и оставете го на собна температура.

2. Зачинете го во вистинско време
Многу дебати се водат за тоа кога е вистинското време  да се стави зачин на месото. Многумина ќе се сложат дека најдобро е бифтекот да се посоли претходната вечер и да се остави непокриен. Ако немате толку време, посолете го барем 40 минути пред готвење или најдоцна пред да го ставите на скара. Иако солта ја вади водата од месото, со доволно време таа повторно ќе се врати во вид на солена вода, која ќе го омекне месото.
На било кој начин да го готвите бифтекот, погрижете се температурата да е многу висока, бидејќи во спротивно месото нема да биде добро испечено. Во моментот кога ќе го ставите месото на скарата или во тавата, температурата ќе се намали, поради што едната страна на месото секогаш ќе изгледа повеќе испечена.

3. Ефект на “пренесена топлина“
Кај сите продукти, особено кај месото постои ефект на „пренесена топлина“. Еднаш кога ќе го тргнете месото од скара или тава, тоа уште некое време ќе се готви. Затоа извадете го од скара малку порано, инаку ќе добиете препечено месо. Потоа оставете го малку да се излади. Секој професионален готвач ќе ви каже дека најлоша работа која можете да ја направите е да го пресечете пред да се излади. Ако го оставите да одмори десеттина минути, сите природни сокови ќе се прошират низ месото и нема да се изгуби неговиот вкус и текстура.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 263

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бифтек готвење подготовка
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Голем концерт на Каролина во Скопје

15:40 08 Jun 2022

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

14:42 07 Jun 2022

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

14:26 07 Jun 2022

Шери бомбици

14:11 07 Jun 2022

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

13:46 07 Jun 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved