• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Животни лекции од филмовите на „Дизни“

by РиД 27/04/2023 0 Comment
 Животни лекции од филмовите на „Дизни“
фото:Инстаграм

Филмовите на Дизни се преполни со мудрости за децата, но и родителите. Еве неколку од  нив

Лекција 1: Соочете се со вашите стравови

Во „Барајќи го Немо“, Мерлин никогаш не се откажува да го најде својот син Немо – дури и кога тоа значи да се соочи со стравови, неуспеси и да премине цел океан. Животот е полн со борби, но вие ја имате вашата внатрешна сила да продолжите – и само продолжете да пливате.

фото:Инстаграм

Лекција 2: Вашиот глас е вашата најмоќна алатка

Во „Малата сирена“, Ариел го жртвуваше својот прекрасен глас, откако злобната Урсула ја уцени за да ѝ даде нозе, што ѝ овозможи да живее нов живот над морето, а со цел да се вклопи во животот на саканиот. Но, без нејзиниот глас, принцот Ерик не можеше да ја види внатрешната убавина на Ариел, вклучително и нејзиниот отворен ум, нејзината лојалност како пријателка и гласот за пеење кој го разбуди од бесвесната состојба после бродоломот. Никогаш не ја потценувајте моќта на сопствениот глас – и никогаш не го задушувајте за да се вклопите.

фото:Инстаграм

Лекција 3: Прифатете ги своите чувства без разлика дали се добри, лоши или страшни

Во „Одвнатре и однадвор“  во Рајли се мешаат сите емоции – радост, тага, страв, гнев и одвратност, а таа не може да го разбере сето тоа. Така, Џој (радоста) се обидува да ги преземе работите и да ја спречи Сороу (тагата) да доминира над чувствата на Рајли. Но сепак, признавањето и прифаќањето на сите емоции е дел од растењето и разбирањето себеси како личност.

фото:Инстаграм

Лекција 4: Прегрнете се себеси — дури и кога другите не го прават тоа

Кога станува збор за „Убавицата и ѕверот“, најочигледната лекција е „убавината е во окото на гледачот“ што е многу важна животна лекција. Секап многу повеќе може да се научи од Бел. Нејзинте сограѓани мислат дека таа е чудна, не разбираат зошто Бел секогаш чита книги, се потсмеваат на пронајдоците и ексцентричностите на нејзиниот татко. Бел останува доследна на себе и се залага за својот татко. Доследноста и заштитата е лекција што важи и за малите и за тинејџерите – ако ве задеваат или некој не ве разбира вас или вашето семејство.

фото:Инстаграм

Лекција 5: Излезете од вашата комфорна зона

На почетокот во „Заплеткана“, кутрата Рапунзел била убедена од мајка ѝ Готел да не ја напушта  кулата во која пораснала и никогаш да не излезе надвор. Таа верува дека е подобро да остане ограничена во малиот свет што мајка ѝ Готел го создала за неа. За среќа, Рапунзел ќе одлучи дека е време да ја „пушти косата“ и ќе сфати дека останувајќи во „удобноста“ на ѕидовите на кулата, никогаш нема да доживее ништо ново или различно со нови почетоци и искуства.

фото:Инстаграм

Лекција 6: Не пропуштајте ги малите работи

Слушајќи ги Тимон и Пумба од „Кралот лав“  како ги споделуваат наједноставните фрази со Симба – „Хакуна Матата“, што значи „не грижи се, биди среќен“ на свахили- можат да бидат потсетник да бидеме среќни и благодарни за сè што не очекува.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 618

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: Барајќи го Немо Кралот лав Малата сирена Рапунзел Убавицата и ѕверот
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави


Fatal error: Allowed memory size of 134217728 bytes exhausted (tried to allocate 81920 bytes) in /home/entityme/addon-domains/ridWebsite/wp-includes/meta.php on line 1215