Еден поинаков роденден за Џенифер Гарнер
Џенифер Гарнер го одбележа својот 50-ти роденден со извонредна забава што ја спореди со „свадба за себе“, но вели дека на својот 51-ви роденден ќе има помалку екстравагантна атмосфера.
Ѕвездата од филмот „Денот Да“ чиј роденден е на 17 април изјави:
– Мислам 51 е многу помалку возбудливо од 50 – и додаде дека на својот роденден со пријателите ќе засадат дрвја.
Гарнер не објасни кои пријатели ќе садат дрвца, но нејзини гости на 50-тиот роденден беа ѕвезди како Рис Витерспун, Рита Вилсон, Марија Шрајвер и Ина Гартен.
Поранешната актерка од „Алијас“ , која има три деца со поранешниот сопруг Бен Афлек: ќерките Виолет (14), Серафина (11) и синот Семјуел (8) – е страсна во однос на одгледување растенија и произведување храна, особено на својата фарма. Гарнер дури создаде свој вкус на органска храна за бебиња.
Гарнер исто така е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде постојано објавува кратки видеа од нејзините кулинарски авантури кои ги нарекува „Преправајте се како да сте на шоу за готвење“.
Џенифер моментално е актуелна со серијата „Последното нешто што тој ми го кажа“, а за оваа улога вели дека ја посакала за себе веднаш штом слушнала дека Џулија Робертс се откажала. Тогаш Гарнер тргнала во кампања за пишување писма, која се покажала како успешна, затоа што со помош од во Рис Витерспун, која е извршен продуцент, и потоа Лорен Нојстатер, продуцент имала многу среќа да ја добие улогата во серијата.
Дејството во серијата е засновано на истоимениот роман од писателката Лора Дејв од 2021 година во кој се следи дејството низ кое главната протагонистка Хана воспоставува врска со нејзината 16-годишна паштерка Бејли (Ангури Рајс) за да ја открие вистината околу исчезнувањето на нејзиниот сопруг Овен (Николај Костер Валдау).
View this post on Instagram