• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Без категорија Кујна

Еве зошто кафето не треба да го пиете подолго од 20 минути

by РиД 31/03/2022 0 Comment
 Еве зошто кафето не  треба да го пиете подолго од 20 минути
фото:pexels

Многу истражувања го поврзуваат кафето со разни корисни влијанија врз нашето здравје – од намалувањето ризик од деменција, па до забрзување на метаболизмот, како и актот дека кафето дава дополнителна енергија во миговите кога ви е повеќе од потребна. Но, факторите како времето кога го пиете кафето, додатоците кои ги користите, можат да го намалат влијанието на овој магичен пијалак. Еве кои други грешки не треба да ги повторувате, ако сакате да уживате во вкусно кафе.

Купувате мелено кафе
Секако потребен е дополнителен труд ако сакате самите да сомелите зрна кафе, но истражување направено од научниот магазин „Фуд Хемистри“ открило дека купеното мелено кафе содржи повеќе слободни радикали кои можат да доведат до оксидативен стрес и воспалителни процеси во вашето тело. Исто така важно е откако ќе го купите кафето, зрната да ги ставите во херметички затворен сад. Ако ги чувате во оригиналната вреќичка тие со секое отворање ќе доаѓаат во допир со воздухот и тоа ќе го намали нивото на слободни радикали во него. Така се трошат корисните антиоксиданси во кафето и тоа губи од квалитет.

Кафето го пиете рано наутро
Пиењето кафе во 7часот наутро нема многу да влијае на нивото на вашата енергија. Причина за тоа е што вашите стрес хормони се на највисоко ниво токму кога ќе се разбудите, поради што ќе добиете природен налет од енергија. Стручните лица се согласни дека најдобро време за пиење кафе е меѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол (хормон на стресот) почнува да паѓа. На овој начин ќе го искористите природниот прилив на енергија кој се случува наутро и ќе го „сочувате“ кофеинот за подоцна. Внимавајте и на количината испиено кафе. Тоа е здраво само ако не пиете повеќе од 5-6 филџани на ден, што е отприлика 400 мг кофеин. Но ова се однесува на тн. американско кафе, кое се пие разредено и во големи филџани. Конзумирањето многу кафе нема да ви помогне, дури може и да ви наштети.

Користите премногу додатоци за кафе
Една од најдобрите „нуспојави“ од кафето е стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и намален ризик од појава на дијабетес. Но што се случува кога во кафето ќе додадете шеќер? Истражувањата се поделени – некои се сложуваат дека со додавањето малку шеќер во кафето и понатаму можете да го намалите ризикот од дијабетес, додека други тврдат дека тие ефекти исчезнуваат со додавање шеќер. Затоа држете се до препорачаните дневни количини шеќер – малку е во ред, но не го претворајте кафето во десерт.

Предолго го пиете кафето
Ви звучи познато – сте приготвиле филџан кафе, пиете неколку голтки, а потоа заборавате на него неколку часа? Ако често ви се случува, имајте на ум дека киселоста на кафето расте со тек на време. Тоа не е здравствен ризик, но дополнителната киселина може да доведе до лошо варење и зголемено нагризување на забната глеѓ. Исто така кафето кое долго време стоело, во себе содржи помалку антиоксиданси. Затоа немојте да пиете кафе подолго од 20 минути.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 917

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: кафе кофеин шеќер
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved