• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

Добрата комуникација ја одржува љубовта во бракот

by РиД 09/04/2023 0 Comment
 Добрата комуникација ја одржува љубовта во бракот
фото: pixabay

Ако сакате да ја одржувате љубовта во бракот „жива“, тогаш најважно е како комуницирате со партнерот. А за да биде ефективна комуникацијата, најдобро е кога се одвива со разбирање. Но, ова може да звучи полесно да се каже отколку да се направи, особено ако вие и вашиот партнер постојано се расправате. Нереално е да се каже дека никогаш нема да имате несогласувања во бракот. Но, дали постои линија што не треба да ја преминете?

Кога комуницирате со партнерот, смирете се пред да кажете било што. Ако сте лути, премногу емотивни или реагирате пребрзо, тоа значи дека ќе следи катастрофа. Едноставно сфатете дека ништо добро не доаѓа од разговорот кога еден или двајцата сте лути.
Еден збор што треба да го избегнете е – развод. Користењето на оваа закана создава огромен недостаток на безбедност за вашиот партнер. И кога сте вознемирени, можеби ќе ви се допадне идејата да избегате, но знајте дека тоа е само бегство од вашите чувства и стравот да не бидете повредени. Сè што е потребно е да се смирите и да се вратите да разговарате. Расправиите и тепачките често произлегуваат од спротивните потреби, односно најчесто партнерите не сфаќаат колку се важни потребите на другиот партнер.
На пример сопругата која останува дома со децата, потребен ѝ е одмор, а сопругот сака таа да сфати колку тој напорно работи. И наместо да поразговараат за своите потреби тие почнуваат да се провоцираат со неубави зборови.
Затоа кога сте вознемирени, смирете се, па запрашајте се: „Што ми треба? и „Што му треба на мојот партнер?“

Иако изгледа премногу едноставно, верувајте дека одговорите решаваа, дури и спречуваат, многу проблеми. Кога ги почитуваме сопствените потреби и ги поддржуваме потребите на партнерот, љубовта цвета природно. Животот може да биде полн со обврски, дури и бурен, и тоа најчесто доведува партнерите да немаат доволно време еден за друг и да ја негуваат својата врска. Затоа  е потребно да разговарате и да се договарате за обврските, а при тоа да ги искажете јасно своите потреби, како на пример:  „Треба да работам до доцна, дали можеш да ги собереш децата на фудбалски тренинг“.

Исто така важно за поттикнување на љубовната комуникација во вашата врска, е секој ден да одвојувате време да седнете и разговарате за она што ви се случува во животот. Тоа ќе ви помогне и двајцата да сте на иста страница.

Времето кое ќе си го посветите еден на друг споделувајќи грижи или фрустрации, нека биде без прекини или одвлекување на вниманието. Секако добро е повремено да  излезете на состанок или да испланирате забавен викенд само за вас двајца. Квалитетното заедничко време е еден од најдобрите начини да се негува врската и да се врати „чувството на меден месец“.

Колку и да негирате, љубовта е избор.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 611

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: брак љубов расправија семејство
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved