• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

Линдзи Лохан е бремена

Меган Маркл е вистинска модна икона

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

Едноставен трик за сјаен мијалник во кујната

Начинот на кој се бакнувате посебно ве поврзува

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Дали треба да се отстранат влакната од интимните делови пред породување?

by РиД 25/03/2022 0 Comment
 Дали треба да се отстранат влакната од интимните делови пред породување?
фото:pixabay

Големо внимание на оваа тема привлече видеото на TikTok од канадската медицинска сестра Анџела Грант Бухнер, кое предизвика бројни дискусии.

Анџела, медицинска сестра и советник за доење од Торонто, со дваесетгодишно работно искуство, објасни зошто трудницата не треба да ги депилира своите срамни влакна, особено пред породувањето.

„Моја задача е преку овие видеа да споделувам објективни информации, без осуда, за луѓето да можат да научат нешто ново. Го објавив ова видео затоа што знам дека на некои места (особено во САД) сè уште е вообичаено жените да бидат избричени или да им се каже да ги депилираат влакната од интимните делови пред породувањето, иако сите неодамнешни истражувања покажуваат дека тоа не е неопходно и дека дури се зголемува ризикот од инфекција. Овде, во Канада, тоа не е вообичаена практика многу години“, вели таа.

Во коментарите под видеото, многу жени споделија лични искуства дека биле избричени пред да се породат, а Анџела одговори дека, за жал, само затоа што нешто сè уште е вообичаена практика во здравството, не значи дека тоа е најдобра практика.

„Всушност, нема повеќе операции за кои се препорачува бричење бидејќи го зголемува ризикот од инфекции поради микроабразии“, објасни Анџела.

Ако ништо друго, потстрижувањето е прифатливо, особено ако трудницата навистина треба да се „среди“ пред да се породи. Односно според Aнџела, од трудниците се бара да се издепилираат или избричат неколку дена пред породувањето, а бидејќи не може да се предвиди точниот почеток на породувањето, не се препорачува никаква депилација по 36-та недела од бременоста.
Причина за тоа е што вагината е подготвена за породување и не ѝ е потребна ваква дополнителна „подготовка“. Исто така Анџела појаснува дека вагината се чисти сама по себе, така што парфимираните шампони и сапуни само и штетат.

На оваа тема за порталот BuzzFeed зборуваше и докторката Ерика Монтес, која десет години работи како гинеколог. Имено, таа објаснува дека потстрижувањето на влакната е сè што треба да се направи пред секоја операција, истото важи и за пред породувањето – не треба бричење.

Некои ризици од бричење вклучуваат фоликулитис или инфекција на фоликулите на влакната, што може да предизвика враснати влакна, а тоа да доведе до болка и инфекција на кожата. Бричењето може да предизвика и исеченици на кожата, кои можат да бидат инфицирани и да доведат до други инфекции, особено за време на интимен однос – објаснува Ерика.

Влакната во интимиот дел освен што обезбедуваат заштита од триење, што може да предизвика иритација на кожата, помагаат да се намали количината на пот во тој дел од телото и да се регулира температурата, а имаат слична функција како трепките или влакната од носот.

Покрај тоа, тие можат да обезбедат заштита од нечистотија и вообичаени вагинални инфекции.

Земајќи го сето ова предвид, гинекологот Ерика Монтес смета дека жените треба да го прават само она што им е удобно кога станува збор за грижата за своето тело.

@nutmeg_lc Don’t shave your bush PART 2! #birth #labourandbirth #pregnant #pregnancy #laboranddelivery #obgyn #rn #birthplan #doula #momsoftiktok #prenatal #lc ♬ original sound – NutmegBirthBabiesBreastfeeding

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 449

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: интимна депилација породување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

18:37 15 Mar 2023

Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер

18:08 15 Mar 2023

Линдзи Лохан е бремена

17:54 15 Mar 2023

Меган Маркл е вистинска модна икона

17:20 15 Mar 2023

Овие две работи децата никогаш нема да ви ги простат

16:46 15 Mar 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved