• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Високо квалитетната грижа за децата е најважна

by РиД 22/02/2022 0 Comment
 Високо квалитетната грижа за децата е најважна
фото:pexels

Кога ќе дојде време мајката да се врати  на работа, најважното прашање е „Кому  да се довери грижата за бебето?“. Изборот е баба сервис, дадилка или градинка, за што веќе пишувавме.

Според стручните лица која и да ја изберете опција најважно е дека децата имаат право да растат и да се развиваат во услови кои нудат сигурност и безбедност и овозможуваат задоволување на нивните развојни потреби. При тоа треба секогаш да имате на ум дека изборот на начин за чување се прави во согласност со личноста, темпераметнтот и возраста на детето од една страна и вашите очекувања од друга страна.

– Не постои единствен став кога треба да се реши кому да се довери чувањето и грижата околу децата. Секој од начините има свои предности и недостатоци.  Не постои најдобар избор, туку постои квалитет на изборот. Односно било кој начин да се одбере треба да овозможи оптимални постигнувања во сите домени на развојот, додека грижа со низок квалитет е онаа при која резултатите се негативни по детето.
Во градинките децата се социјализираат во група на врсници, имаат различни активности преку кои ги развиваат вештините и стекнуваат нови знаења. Најзначаен фактор кој делува на квалитетот во градинката е едукацијата, квалификациите и постојаноста во структурата на персоналот. Позитивни резултати се бележат во подобар говорен и когнитивен развој, подобра соработка и помалку проблеми во однесувањето кај децата. Многу често како алтернатива во чувањето се бираат бабите/дедовците како лесно достапни, добро познати, кои бесплатно се грижат за своите внуци и им пружаат безбедна грижа и љубов.
При тоа треба да се земе во предвид генерацискиот јаз, различните родителски стилови, предрасуди околу воспитувањето, можна попустливост, не поставување на здрави граници, дневна рутина и дисциплина. Има релативно малку докази во однос на разлики во квалитетот меѓу градинките и одгледувањето во домашни услови, додека биле откриени некои негативни аспекти во однос на грижата од страна на бебиситерки. При изборот на истите важно е да се избере сигурна, безбедна и по можност квалификувана личност. Според одредени истражувања за сите деца на предшколска возраст, градинка во комбинација со чување од страна на баба/дедо дава подобри развојни резултати од било која друга комбинација.

Во секој случај важно е личноста која ќе се грижи за детето да е совесна и одговорна, а уште подобро ако има и одредени професионални компетенци за воспитувањето на детето – вели Ангелина Илиевска, специјалист психијатар и психотерапевт.

  • 2
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 939

Share This:

  • 2
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: баба сервис градинка дадилка деца чување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved