• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Голем концерт на Каролина во Скопје

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

Шери бомбици

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го

Како треба да реагирате ако вашето дете е нападнато од

Се породи во океан и предизвика бура од реакции на

Секој дом мора да ја има оваа билка со опоен

Златни правила за подготовка на совршен бифтек

Познатиот бренд „Козметика Афродита“ прослави 50 години од своето постоење

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Близнаците без проблем се гледаат додека се во утробата

by РиД 01/03/2022 0 Comment
 Близнаците без проблем се гледаат додека се во утробата
фото:pixabay

Развојот на сетилата кај  бебето  се одвива постепено, како напредува. Сетилото за допир се развива во осмата недела од првиот триместар. Тоа прво се појавува на образите, а потоа многу брзо чувствителноста на кожата се шири на пределот околу гениталиите (10-та недела), дланките (11-та недела) и стапалата (12-та недела). Во овој период од бременоста при ултразвучниот преглед може да се забележи како бебето го цица палецот или допира други делови од телото.

Во текот на 17-та недела се развива чувствителност на допир на стомакот, а до 32-та недела сите делови од телото на бебето во стомакот се осетливи на топлина, студ, притисок и болка.

Какви вкусови препознава бебето додека е во утробата?

Сетилото за вкус на бебето додека е во стомакот, делумно е развиено уште во 15-тата недела од бременоста. Истражувањата потврдуваат дека во овој период бебето го разликува вкусот на плодовата вода, во зависност од исхраната на мајката (на пример, вкусот на кромидот или лукот).

Дали бебето мириса кога е во утробата?

Носот се развива помеѓу 11 и 15 недела. Додека е во утробата, бебето го чувствува мирисот на плодовата вода, што зависи од исхраната на мајката. Во плодовата вода се откриени над 120 различни мириси што ги вдишува бебето.

Дали бебето слуша додека е во утробата?

Слухот почнува да се развива во осмата недела од бременоста. Веќе во 18-та недела се формира внатрешното уво и нервните завршетоци на мозокот се доволно развиени за вашето бебе да може да го слушне чукањето на вашето срце. Околу 25-та недела, бебето може да слушне надворешни гласови кои се малку пригушени, а до 27-та недела може да препознае гласови.

Дали бебето гледа додека е во утробата?

Последно се развива сетилото за вид, а очните капаци се затворени до 26-та недела. Во овој период мрежницата е целосно развиена и во текот на 26-тата недела бебето ги отвора очите и трепка.

Сепак, дури и со затворени очни капаци, до мрежницата на окото на бебето може да стигне безопасна, мала количина на светлина преку кожата на мајката, ако е на сонце или силна светлина.

Истражувањата покажуваат дека близнаците без проблем се гледаат додека се во утробата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 259

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бременост развој на фетус сетила
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Голем концерт на Каролина во Скопје

15:40 08 Jun 2022

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

14:42 07 Jun 2022

Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките

14:26 07 Jun 2022

Шери бомбици

14:11 07 Jun 2022

Колку заработувала Шакира, а колку Пике и како ќе го поделат имотот

13:46 07 Jun 2022

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2023. All Right Reserved