Баклава со вишни
Состојки:
– 6 кори за пита и баклава, 500 гр вишни, 2 јајца, 2 лажици шеќер, 100 мл масло, 70 г гриз, 150 мл јогурт, 1 прашок за печиво
За шербетот:
– 400 мл вода, 400 гр шеќер, 2-3 кругови портокал, ванилин шеќер
Приготвување:
Прво пригответе го шербетот – измешајте ги водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и парчињата портокал. Варете 15-20 минути и оставете да се излади. Во еден сад измешајте ги јајцата, шеќерот, гризот, маслото, јогуртот и прашокот за печиво. Земете една кора и намачкајте ја со филот. Над неа ставете друга кора и повторете ја постапката. Ставете ја третата кора и на неа ставете ги вишните. Завиткајте во ролна и ставете на намачкано тавче, па одозгора премачкајте со филот. Повторете ја постапката со останатите три кори. Ролатите испечете ги во рерна загреана на 190 степени околу 40 минути или додека добијат златеста боја. Испечените ролати прелијте со изладениот шербет.