Ајурведски еликсири за несоница, детоксикација и совршен тен
Ајурведата е наука за животот и преставува древна метода на природно лекување. По потекло е од Индија, каде пред 6000 години се појавиле првите записи кои се пренесувале на идните поколенија.
Во ајурведата за лекување исклучиво се користат билки и разни растителни формули преземени од ајурведските древни книги. Меѓу нив има еликсири за совршен тен, детоксикација, несоница…
1. За совршен тен
Една лажичка куркума во прав измешајте ја со една лажичка сок од лимон и нанесете ја смесата на лице. Оставете да дејствува 15 минути, односно додека се исуши, па измијте се со ладна вода. Овој едноставен ајурведски лек навистина дејствува, бидејќи лимонот избелува и го поттикнува лупењето на кожата, а куркумата, освен што одлично ја осветлува кожата, дејствува и противвоспалително, па ја прави кожата сјајна. Ако имате многу чувствителна кожа разводнете го лимоновиот сок или заменете го со млеко.
2. За несоница
Овој проблем кој ги мачи луѓето од време на време е последица на модерниот начин на живот, за среќа може да се реши со овие две ајурведски методи:
– Измешајте филџан топло млеко со 4-5 иситнети урми и малку цимет. Испијте го пијалакот пред спиење. Урмите го смируваат нервозниот ум, а млекото содржи природни состојки кои го поттикнуваат сонот.
– Непосредно пред одење во кревет измасирајте ги дланките и стопалата со загреано квалиететно масло како сусамово. Таа масажа ќе ги опушти вашите нерви и ќе ви помогне полесно да заспиете.
3. За детоксикација
Загрејте 4-5 филџани вода, па додајте им 1/2 лажичка семе од коријандер, 1/2 лажичка семе од коморач, 1,5 см свеж корен од ѓумбир. Варете пет минути, исцедете и ставете во термос сад, па пијте по неколку голтки во текот на целиот ден. Ако ви е многу силна оваа мешавина, првите две недели намалете ја количината на семки на 1/4, а потоа ставете ја препорачаната доза. Секое утро пригответе свеж чај.