Анџелина Џоли со син ѝ Медокс беа гости на свечена вечера во Белата куќа
На вечерата по повод „Прославата од 70-годишнината од сојузот САД и Јужна Кореја“, организирана во Белата куќа, актерката и хуманитарка Анџелина Џоли се појави со синот Медокс. Домаќини на вечерата беа претседателот Џо Бајден и првата дама Џн Бајден, а нивни почесни гости беа јужно-корејскиот претседател Јун Сук Јеол и првата дама Ким Кеон Хи.
– Односите меѓу Азија и Америка се важни за семејството на Анџелина. Таа и децата долги години имаат блиски врски со регионот, вклучително и Јужна Кореја. Медокс студираше на Универзитетот Јонсеи во Сеул, а Анџелина ја посетила Јужна Кореја многупати како уметник и за нејзината хуманитарна и бегалска кампања во изминатите две децении. Анџелина и Медокс беа почестени од можноста да присуствуваат на оваа свечена вечера – изјави портпаролот на актерката.
Други познати имиња кои присуствувале на вечерата биле Чип и Џоана Гејнс и олимписката сноубордерка Клои Ким.
Џоли последен пат го посети Сеул во 2019 година, кога Медокс започна да студира на Универзитетот Јонсеи, и во 2018 година, кога се сретна со бегалци, како амбасадор на Агенцијата на ОН за бегалци. Книгата што таа ја напиша за младински права заедно со „Амнести интернешенел“, „Знај кои се твоите права и бори се за нив“, минатата година беше објавена во Јужна Кореја.
Во соопштението за печатот на Белата куќа минатиот месец се наведува дека посетата на јужнокорејскиот лидер и неговата сопруга „ја слави 70-годишнината од сојузот САД-РОК, што е од клучно значење за унапредување на мирот, стабилноста и просперитетот за двете земји.