• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Антибиотик давајте само при докажана бактериска инфекција

by РиД 08/02/2022 0 Comment
 Антибиотик давајте само при докажана бактериска инфекција

Секоја драматична промена на временските услови влијае на појавата на одделни сезонски инфекции. Студеното време и зимата се карактеристична сезона кога почнуваат респираторните вирусни и бактериски инфекции, а на удар најмногу се малите деца. Родителите многу често добиваат впечаток дека нивното дете е постојано болно и настинато.

Сите затворени средини носат ризици од ширење на инфекции, а вирусните и бактериски инфекции особено се чести кај децата кои посетуваат градинка или училиште. Најчести се вирусните инфекции, на кои отпаѓаат околу 90% на горните и долните респираторни органи. Нормално е децата во првите шест години од животот  да имаат послаб имунитет, но како децата растат тој созрева и бројот на инфекции се намалува.

Симптоми

Бистра секреција од нос, лесна кашлица, умерено покачена температура сугерираат на инфекција, но конечната дијагноза ја поставува педијатар. Покачувањето на телесната температура е веројатно еден од симптомите поради кои се најчестити посетите на педијатриските амбулнати. Инфекциите кај децата се почести кај децата со слаб имунитет, додека кај деца со добар имунитет можна е појава на инфекција 3-4 пати во годината. Ако инфекциите зачестуваат неопходен е комплетен преглед за да се провери целосната здравствената состојба кај детето.

Да или не за антибиотик?

Најчеста грешка која ја прават родителите во првите години од животот е секоја инфекција и температура да се лекува со антибиотик и антипиретик. Драги родители запомнете дека не треба антибиотиците да бидат примарна линија во лекување на инфекциите. Антибиотиците се даваат само тогаш кога сме сигурни дека кај детето се работи за јасна бактериска инфекција. Секоја друга состојба или инфекција, особено ако се работи за вирусна инфекција е голема грешка. Нерационалната употреба и широката примена на антибиотици доведоа до масовна резистенција на голем број бактерии кон антибиотиците.

Како да им помогнеме на децата?

Врз база на клиничката слика и лабораториски тестови дознаваме дали се работи за вирусна или бактериска инфекција. Ако детето има температура повеќе од 6 часа, неопходна е консултација со педијатар и план за лекување. Доколку детето не сака да јаде, не го терајте со сила, но често давајте му да пие течности за да не дехидрира. Контролирајте ја температурата, изнесувајте ги децата на чист воздух, зимскиот одмор поминете го на планина и не ги ги мешајте во големи групи каде има многу луѓе. Ако вашето малечко е болно не го носете во градинка, со тоа се префрла инфекцијата на другите деца.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 612

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: антибиотици бактериска инфекција болни деца вирусна инфекција настинка
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved