Светскиот ден на здравјето 7–ми април, ќе биде одбележан со акција за поттикнување и едукација на децата од градинките и основните училишта за важноста на здравата исхрана.

Младите креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје потпирајќи се на својата детска фантазија и умешност изработија иновативни и интересни маски од рециклирани материјали (хартија, пластика, најлон...). За нивните оригинални дела беа искористени амбалажи од сокови, млека, кутии за колачи, празни шишиња, лименки, картонски кутии и др.

Двојките од „Танц со ѕвездите“ својот талент и вештините кои ги стекнаа овие неколку месеци со учеството во ова шоу, ќе ги покажат на хуманитарниот концерт наменет за собирање средства за лекување на Боро Стајиќ.

Рок бабата Тина Тарнер јавно изјавуваше дека никогаш повеќе нема да се мажи, но изгледа се премисли. Славната пејачка ќе се мажи во 74година, за 17 години помладиот Германец, Ервин Бах, со кого е во врска 27 години.

„Кога си среќен“ е насловот на аудио записот составен од препеви на детски народни песнички од англиско говорно подрачје, на македонски јазик испеани од поп пејачката Андријана Јаневска.

"Рециклираме и се маскираме" е темата на првиот еко маскенбал што го организира трговскиот центар "Рамстор" заедно со "Пакомак". Екомаскенбалот ќе биде натпревар наменет за градинките и основните училишта.

Македонската телевизија се огласи по отстранувањето на спотот на Влатко и Есма од YouTube.

Возењето сноуборд во бикини е најновата мода во сибирскиот скијачки центар Шерегеш, пишува весникот „Дејли мејл“.

„Тунел“ е новата емисија во продукција на Македонската телевизија која ќе почне да се емитува на програмата во 18:15 часот, во среда на 06 февруари 2013 година. Автор и водител на емисијата е Живкица Каленикова.

Славната актерска двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем чекаат второ дете, потврди извор близок на двојката за списанието „US Weekly“.

Најново на форумот

  • No posts to display.