Што е “ретросексуалец“
Признајте – барем еднаш сте го пребарале Фејсбук со надеж дека ќе ја најдете одамна изгубената љубов од средно училиште или факултет.
Ако вашиот одговор е „да“, тогаш сте ретросексуалец – личност која спаѓа во сè поголемиот број корисници на Фејсбук кои преку оваа социјална мрежа се во потрага по одамна изгубената љубовна врска.
Искуството на луѓето кои се впуштаат во оваа авантура е различно. Некои се чувствуваат одлично кога ги оживуваат старите спомени, додека за други тоа е „трнлив пат“. Но, некогаш нештата не се како што се надевате.
Некои од луѓето се сменети и не се како што ги доживувате – како најубави, најпаметни и со одлична смисла за хумор.
Сепак, овој тренд се зголемува. А Фејсбук е многу популарен и поради фактот што им помага на ретросексуалците да ги оживеат старите спомени, да се чувствуваат млади и повторно да ги разгорат старите страсти.