Храна која смеете да ја јадете и доцна навечер
Колку пати ви се случило да огладните доцна навечер, но веднаш ви текнува дека безброј пати имате прочитано дека по 19 часот не е здраво ниту препорачливо да јадете? Паѓате во искушение да направите сендвич, да земете некои грицки, но сепак се откажувате и гладни одите на спиење. Тоа не треба да биде така, бидејќи постојат продукти ки ќе ве заситат, а нема да го загрозат вашиот здрав начин на живот.
Зобена каша – докажано е дека јаглехидратите ослободуваат серотонин кој го смирува мозокот. Порција зобена каша со млеко е најдобар избор пред спиење.
Сок од цреши – едно истражување од 2011година, докажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер), го зголемува нивото на мелатонин кој го прави сонот поквалитетен.
Топло млеко – чаша млеко пред спиење е стар рецепт за добар сон. Покрај тоа што содржи аминокиселина триптофан, која се поврзува со спиењето, делувањето на овој пијалак најмногу е психолошко.
Јаткасти плодови – богати се со магнезиум кој има смирувачки ефект на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикирики се само некои од плодовите кои секогаш морате да ги имате дома.
Нискокалорично сирење (кашкавал) – калциумот има слично дејство како и магнезиумот кога станува збор за спиењето. Стручните лица препорачуваат околу 50 г сирење (или кашкавал) дневно кое може да го јадете со крекери.