Старата шминка може да предизвика сериозни алергиски реакции
Дали спаѓате во групата жени кои секој ден ја мијат косата, прават пилинг на лицето и телото? Ако одговорите се потврдни, може да се заклучи дека се негувате премногу. Косaта треба да ја миете максимално два или три пати неделно. Иронично, но што повеќе ја миете косата, таа побрзо ќе се масти.
Исто важи и за вашата кожа. Без разлика колку свежо се чувствувате по пилингот, честото користење може да ја наруши pH вредноста на кожата, да ја исуши и со тоа да ја направи чувствителна. Впрочем со честите пилинзи го отстранувате заштитниот слој на кожата.
Покрај ова важно е редовно да го проверувате рокот на траење на шминките. Се сеќавате кога последен пат сте купиле маскара или кармин? Колку е стара вашата омилена пудра која моментално ја користите? Старите шминки можат да предизвикаат алергиски реакции, иритации на кожата, акни, инфекции, коњуктивитис. Отприлика на овој период морате да ги менувате одредените производи:
-маскара на 3-6 месеци
-молив за очи, пудра и руменило на секои 24 месеци
– сенки за очи и кармин на секои 12 месеци.