Сончевиот прозорец во кујната е совршено место за одгледување јагоди во домот
Ако сакате да одгледувате јагоди во затворен простор, можеби е предизвик, но големо е задоволството да уживате во сочни плодови одгледани на органски начин. Јагодите вообичаено се одгледуваат во оранжерии, бидејќи одгледувачите можат да ја искористат предноста од топлата и заштитена средина која им е потребна на овие растенија. За да биде успешно одгледувањето, потребно е добро контролирање на температурата, нивото на влажност и изложеност на светлина.
Јагодите може успешно да ги одгледувате и дома, и ако им обезбедите доволно топлина и светлина, услови кои им се потребни за да напредуваат, можете да уживате во вкусните плодови преку целата година.
Кога ќе решите да се посветите на ваков потфат, секако треба да изберете садници. Можете да купите семе и сами да ги одгледувате, или да купите млади садници. Ова е најдобро да го направите напролет кога има свежи садници. Од ваквите растенија можете да очекувате плодови уште првата година.
Изберете соодветни саксии, кои се најмногу 20х20 см широки и длабоки. На нив треба да има дупки за да се цеди вишокот вода. Одберете добра хумусна земја во која ќе ги засадите. Во секоја саксија доволно е да ставите најмногу две садници и треба да бидат засадени со круната над земјата. При изборот обратете внимание на сортата. Одредени сорти даваат плодови во една сезона, додека јунските сорти даваат плодови од јуни до есента. Неутралните сорти јагоди ќе ве радуваат со плодови во текот на целата година.
Изберете го вистинското место – саксиите ставете ги на прозорец свртен кон југ, сончева соба или затворен преден трем за да им обезбедите светлина во текот на летото. Во зимските месеци ќе ви треба вештачко осветлување кое ќе им го обезбеди на растенијата потребното ниво на светлина.
Пронајдете го најдоброто органско ѓубриво со кое ќе ја збогатите почвата и ѓубрете ги по еднаш на некоку недели. Откако ќе се појават првите цветови, користете ѓубриво со висок процент на калиум, кое ќе го користите на една до две недели. редовно наводнувајте ги и проверувајте дали земјата е премногу сува или влажна. Тоа може да доведе до венење или скапување.
Кога одгледувате јагоди во затворен простор, веројатно е дека ќе треба рачно да ги опрашувате растенијата за да добиете плод. Можете да го направите тоа со мала четка за боење, поминувајќи ги прашниците и четкајќи од надворешната страна на цветот навнатре за да го нанесете поленот до толчникот во средината на цветот. Ова е потребно да го правите на сите отворени цветови и да го повторувате на неколку дена.
Секако дека одгледувањето на јагоди во затворен простор има многу предизвици, но нема ништо поубаво кога уживат во плодовите на својот труд.