Солта можете да ја замените со други зачини
При готвење основен зачин е солта и речиси никој не може да замисли каков би бил оброкот без неa. Солта се користи и како главен конзерванс за зимници, но ако се претера со нејзино конзумирање има негативно влијание врз здравјето.
Натриумот кој е главен елемент на солта, истовремено се наоѓа и во многу природни билки кои ги користите во секојдневното готвење. За да го подобрите вкусот на својата храна, без додавање сол, заменете го природни билки и зачини. Тие билки можат да се алтернатива за сол, а се многу по здрави од нејзе.
1. Цимет – тој е еден од најстарите зачини, посебно познат во земјите како Индија, Шри Ланка и други делови од Азија. Циметот е добра алтернатива за сол бидејќи има способнот да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го намали холестеролот.
2. Босилек – листовите од овој зачин често се користат во готвењето. Имаат малку силен вкус, но истовремено и нешто слатко во себе. Не е познат само по лековитите предности, туку е одличен како алтернатива за сол.
3. Чили пиперче – иако ви се чини чудно, овој зеленчук со топол и луд вкус е одлична замена за сол. Најмногу се користи во шпанската, мексиканската и индиската кујна.
4. Лук во прав – лукот не само што е добра замена за сол, туку и го подобрува вкусот на храната. Може да го користите во приготвување на месо, риба и тестенини.
5. Мелен црн пипер – нема многу разлика меѓу солта и црниот пипер. Тој може да дејствува како добра замена за сол а истовремено има интензивен и ароматичен вкус.
6. Соја сос – ако го пробате пред да го додадете во јадењето, ќе забележите дека е прилично солен, поради што кога го користите, не додавајте сол во јадењето. Сојата има високи нутритивни вредности и поради тоа овој сос е добар за здравјето.
7. Свежо цеден сок од лимон – освен што е познат како природен конзерванс, може да се користи како замена за сол, а воедно го подобрува вкусот на храната и го одржува свежо исечканото овошје.
8. Семки од сончоглед – познати по своите нутриционистички вредности, семките од сончоглед се одлична замена за сол.