Се породи во океан и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи
Џози Пакерт (37) стана светски позната мајка откако се породи во океан. Нејзиното видео на социјалните мрежи стана вирално, а на почетокот покажува како со сопругот оди на брегот во Никарагва за да се породи во вода.
На видеото се гледа и како минува низ контракции, но и нејзината решеност да ја следи својата одлука. Како што рекла подоцна, ритамот на брановите ѝ олеснил да ги издржи контракциите.
– Брановите имаа ист ритам како и моите контракции, поради таа синхронизација се чувствував многу удобно. Идејата да се породам во океан ми дојде на ум бидејќи условите тој ден беа идеални – изјавила таа, пренесува Пертнау.
Мајка на четири деца ги испратила своите малечки кај пријателка кога сфатила дека почнува породувањето, па таа и нејзиниот партнер Бен (42) опремени за породување, се упатиле со возило кон плажата. Откако го родила синот, тие тројца си заминале дома.
Според Џози овој начин на раѓање бил повеќе од пријатно искуство, дека не се грижи, иако немала помош од лекари и акушерки, што за неа било голема разлика во однос на претходните породувања.
– Кога се роди Боди, го завиткавме во крпи, а јас отидов во океанот да се освежам. Потоа се облеков, спакувавме сè и отидовме дома, каде сите тројца легнавме – вели оваа мајка.
View this post on Instagram
Таа додава дека вака решила да се породи по првото трауматично искуство, кога се породила во болница, додека второто породување било дома со акушерката, а и третото породување го извршила во својот дом, но, без помош од акушерка.
– Овој пат немав прегледи, доктори, акушерки, ултразвук и немав никакво надворешно влијание. Немав закажан термин, бидејќи верувавме дека нашето бебе ќе најде начин и термин кога ќе дојде време. Немав страв и грижи, ова искуство беше прекрасно. Мекиот вулкански песок под мене ме потсети дека меѓу небото и земјата нема ништо, само живот – филозофски искоментира гордата мајка.
Сепак, не се сите воодушевени од нејзината идеја за вакво породување. Според стручњаците гинеколози, во океанската вода има многу бактерии и бебето можело да добие некаква инфекција.
Од друга страна, поединци сметаат дека ваквото раѓање е шок за бебето, бидејќи во студениот океан влегува од топла матка.
Меѓутоа, оваа мајка брзо одговорила на сите негативни коментари и изјавила дека нејзиниот син е совршено здрав, и дека ги презела сите чекори породувањето во океанот да биде безбедно, со што стави крај на секоја понатамошна дискусија.