Редовното миење заби ве заштитува од сериозни болести
Ако прашате некого зошто ги мие забите, веројатно ќе ви одговори дека го прави тоа за да се заштити од кариес и да има прекрасна бела насмевка и свеж здив.
Сигурно, вашиот стоматолог ве предупредил што може да ви се случи поради лоша хигиена на устата: губење на забите, болести на непцата, како и лош мирис од устата. Но, ризиците поврзани со нередовно четкање на забите се многу поголеми од лош здив и дамки од кафе. Ако не водите доволно грижа за забите и непцата го зголемувате ризикот од голем број инфекции и здравствени проблеми.
Коронарната артериска болест, дијабетесот, пневмонијата, разни компликации во бременоста, се само неколку од опасните здравствени проблеми со кои може да се соочите, ако не ги миете правилно забите.
Факт е дека човечката уста е одличен дом за преку 700 различни видови бактерии. Повеќето се безопасни, но некои може да предизвикаат големи здравствени проблеми. Двете најлоши се Streptococcus mutans и Porphyromonas gingivalis. Редовно четкање на забите помага овие бактерии да се држат под контрола.
За да го зачувате своето орално здравје најдобро е да ги четкате забите најмалку два пати дневно по две минути. Користете паста за заби богата со флуор за превенција од кариес. Чистете го просторот помеѓу забите со конец најмалку еднаш дневно. Посетете стоматолог барем еднаш на секои шест месеци, тој ќе ја одреди состојбата на вашите заби.
https://www.geisinger.org/health-and-wellness/wellness-articles/2017/03/29/16/26/heres-how-not-brushing-your-teeth-could-make-you-sick